сабота, 30. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Стефковски: 16.000.000 денари ги вративме кај граѓаните во 2022 година

Стефковски: 16.000.000 денари ги вративме кај граѓаните во 2022 година

Градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски преку статус на Фејсбук пишува дека 16.000.000 денари ги вратиле кај граѓаните во 2022 година.

„16.000.000 денари ги вративме кај граѓаните во 2022 година‼️

🤝Во време на сериозна економска и енергетска криза, општина Гази Баба преку најразлични мерки во текот на 2022 година подаде рака на граѓаните и повеќе од 16.000.000 денари ги врати директно кај граѓаните.

📍Субвенции за велисипеди, инвертер клима уреди, печки на пелети, електрични тротинети, чистење на оџаци и субвенции за вградување на уреди за течен нафтен гас во возилата се мерките од областа на животната средина преку кои вративме средства кон граѓаните.

👉 Еднократна помош за новороденче, еднократна помош за секое прваче и еднократна помош за семејства кои се соочиле со несреќа и болест се мерките од областа на социјалната заштита преку кои вративме средства кон граѓаните.

🍀Подготвивме социјален пакет за семејствата во социјален ризик на кои им се доделува месечна парична помош.

✅Граѓаните во општината имаат партнер и сојузник‼️

Со ♥️ за наша Гази Баба‼️

#Отчетно
#Транспарентно“, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Најнови вести