вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Стефковски го пушти во употреба новиот спортски терен во Инџиково

Стефковски го пушти во употреба новиот спортски терен во Инџиково

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски го пушти во употреба новиот спортски терен изграден на подлога од вештачка трева во населеното место Инџиково.

За настанот, градоначалникот Стефковски информираше на својата официјална страна на фејсбук на која напиша:

-ИНЏИКОВО ДОБИ СПОРТСКИ ТЕРЕН НА ВЕШТАЧКА ТРЕВА.

РЕАЛИЗИРАНО УШТЕ ЕДНО ВЕТУВАЊЕ!

Денес го пуштивме во употреба новиот спортски терен на подлога од вештачка трева во населеното место Инџиково.

Радоста и среќата на децата кои денес го одиграа првиот натпревар на новиот терен е нешто што ме прави особено горд.

Ветувањата дадени пред граѓаните, едно по едно стануваат реалност. Работиме посветено, одговорно и чесно на решавање на секој еден проблем и барање кое произлегува од граѓаните.

Довербата која ја добив да ја водам општината за мене е голема одговорност. И еден ден делата ќе зборуваат за секој од нас.

Тука сум за да им служам на жителите на општина Гази Баба.

Со срце за нашата Гази Баба. – напиша Стефковски.

Најнови вести