недела, 25. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Стефковски: Локалната власт во Гази Баба не работи, во урбаните заедници има сообраќаен хаос, нема сигнализација и доволно паркинг места

Стефковски: Локалната власт во Гази Баба не работи, во урбаните заедници има сообраќаен хаос, нема сигнализација и доволно паркинг места

Градоначалникот на општина Гази Баба во заминување, Борис Георгиевски во мандатот придонесе за парализирање на сообраќајот низ улиците во населените места. Лошата патна инфраструктура, немањето слободни паркинг, неисполнетите предизборни ветувања за изградба на катни гаражи, немањето на соодветна сообраќајна сигнализација секојдневно ја загрозуваат безбедноста на учесниците во сообраќајот, истакна Бобан Стефковски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Гази Баба.

-Локалната власт на СДСМ зафатена со предизборна пропаганда ги занемарува апелите и барањата на граѓаните.

Посебно загрижени но и загрозени се жителите на урбаните заедници од сообраќајниот метеж и недостатокот на паркинг места.

Цела недела граѓаните од урбаната заедница Железара протестираат бидејќи недостатокот на соодветна сигнализација доведе до човечка жртва и предизвикување на големи материјални штети. До овој момент надлежните институции и локалната самоуправа ги игнорираат протестите и барањата на граѓаните.

Тотален сообраќаен хаос владее по улиците низ општина Гази Баба. Нарушена е безбедноста на граѓаните, жителите на Гази Баба се најнебезбедни пешачи во Скопје.

Нема реализација ниту на ветувањата за зголемување на безбедноста на пешаците на регионалниот пат од населеното место Ергеле до Идризово – пат кој преставува црна точка за жителите кои гравитираат во тој регион.

Градоначалникот на СДСМ вети но не изгради катна гаража во Ченто веднаш до поликлиниката, поради тоа и овој дел од општината е еден од ризичните сообраќајни точки.

Една од најголемите населби во општината Автокоманда, се наоѓа пред сообраќаен колапс, секојдневно граѓаните ни се обраќаат со молба за актуелизација на прашањето. Локалните власти немаат слух ниту за овие барања.

Добра вест за граѓаните на општина Гази Баба е тоа што времето на СДСМ истекува и завршува, доаѓаат подобри времиња.

Идната локална администрација предводена од ВМРО-ДПМНЕ, по локалните избори во октомври, особено значење и приоритет ќе му даде на решавањето на проблемот со сообраќајниот хаос во општината.

За ВМРО-ДПМНЕ здравјето и безбедноста на граѓаните и учесниците во сообраќајот се на прво место и за нив компромиси нема, додава Стефковски.

Најнови вести