недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Стефковски: МТСП застанува во одбрана на незаконско работење

Стефковски: МТСП застанува во одбрана на незаконско работење
илустрација

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски вели дека Министерството за труд и социјална политика застанува во одбрана на незаконско работење.

-Со жалење сакам да Ве информирам Вас и јавноста дека изминатите денови е започната тенденциозна постапка од Министерството за труд и социјална политика, чија цел е одземање на ингеренциите врз детската градинка Детска радост. Односно директна заштита на незаконско работење.

Пред повеќе од три недели пред целата јавност ги изнесов фактите и аргументите утврдени со ревизорски извештај за незаконско работење во градинката.

Побарав од Министерството за труд и социјална политика да застане на страната на Законот, но наместо тоа Министерството тенденциозно започна инспекциски надзор.

При вчерашната посета во општината, ми укажаа дека има недостатоци во документацијата и со тоа била прекршена постапката. На инспекторите им ја предадовме целокупната документација која е утврдена во членот 125 од Законот за заштита на децата, а се однесува на постапка за разрешување на директор на градинка. Со жалење сакам да информирам дека инспекторите истакнаа дека при надзорот во градинката дел од документацијата за постапката за разрешување недостасувала, а истата ја има во документите кои се општината. Ова е уште еден доказ дека во таа градинка се работело спротивно на Закон, односно се крие службена документација.

Ја користам оваа прилика уште еднаш јавно да апелирам до Министерството за труд и социјална политика да застане во одбрана на Законот, а не да штити незаконско работење.

Како градоначалник стојам на дадената изјава за медиумите, дека нема да дозволам детските градинки да бидат извор на незаконско работење.

Јавно апелирам и до Основното јавно обвинителство и Државната комисија за спречување на корупцијата да се произнесат по доставената документација од ревизорскиот извештај.

Имаме должност и обврска да се грижиме за законито работење на установите, а посебно кога се работи за установа за згрижување на деца, се вели во писмената изјава на Стефковски.

Најнови вести