среда, 3. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Стефковски открива детали за состојбата на 19 годишниот Никола на кого му е дигајностивиран карцином на коски

Стефковски открива детали за состојбата на 19 годишниот Никола на кого му е дигајностивиран карцином на коски

Во разговор за Курир, градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски открива детали за здравствената состојба на 19 годишниот Никола од Црешево кој боледува од карцином на коски.

„Денес бев во посета на Никола и неговото семејство во Црешево. За жал судбината повеќе пати си поиграла со младиот Никола, тој е без родители и живее со своите дедо и баба, а денес се соочува со најсериозниот предизвик, а тоа е карциномот на коски. Она што можам да го кажам е дека Никола е полн со живот во себе носи позитивна енергија и има силна поддршка од неговите дедо и баба кои веруваат дека заедно со Никола ќе излезат како победници од оваа битка.

Јас пред се како човек, а потоа и како градоначалник на општина Гази Баба застанувам рамо до рамо со младиот Никола во неговата битка за живот. Општината во следниот период преку низа на активности и чекори ќе му помогне на Никола во постапката за собирање на финансиски средства но и во целиот процес кој следува.

Нашиот народ е хуман народ кој својата хуманост на дело ја докажал многупати досега и верувам дека сите ќе се обединиме и заедно со Никола ќе победиме“,  изјави Стефковски.

Најнови вести