среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Стефковски: Со жалење можам да констатирам дека ниту една владина институција нема понудено помош на ниту една општина за справување со последиците од невремето

Стефковски: Со жалење можам да констатирам дека ниту една владина институција нема понудено помош на ниту една општина за справување со последиците од невремето

По направена координација со градоначалниците од Скопскиот плански регион она што го утврдив е дека седум скопски општини вчера беа зафатени со обилни врнежи од дожд и истите имаа настанати штети како последица од невремето, ова денеска преку писмена изјава до јавноста го иформира градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски кој е претседател на скопски плански регион.

„Со жалење можам да констатирам дека ниту една владина институција нема понудено помош на ниту една општина за справување со последиците од невремето. Како претседател на Скопскиот плански регион сакам да го истакнам своето незадоволство од целосната незаинтересираност од страна на Владата на Република Македонија во врска со вчерашното невреме, односно со последиците настанати од него. Граѓаните и целата македонска јавност беа сведоци дека вчера попладне градоначалниците на Град Скопје и општините од Градот Скопје кој беа погодени од силното невреме беа оставени сами со своите ресурси да се справуваат со последиците“, вели Стефковски.

Тој додава дека јасното неделување на Владата во вчерашното попладне не беше опструкција кон градоначалниците, туку директна опструкција кон граѓаните.

-И покрај сите опструкции, градоначалниците на Град Скопје и општините во Градот Скопје кои беа погодени од невремето успешно, брзо и ефикасно се справија со сите проблеми настанати на терен и за неколку часа по невремето сите улици беа расчистени. Сакам јавно да апелирам до Владата на Република Македонија да формира владин кризен штаб со преставници од сите надлежни институции за делување во време на елементарни непогоди со цел заедничко делување во интерес на граѓаните, реагира Стефковски.

Најнови вести