сабота, 3. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Стефковски: Видовме дека оваа власт не знае и со нив нема да биде подобро- Премногу е! На 18 јуни во 20 часот сите пред Влада

Стефковски: Видовме дека оваа власт не знае и со нив нема да биде подобро- Премногу е! На 18 јуни во 20 часот сите пред Влада

Ви се обраќам како еден од вас, пред се како жител на Гази Баба, човек кој го живее заедничкото секојдневие како и секој друг, исполнето со гнев, несигурност, сиромаштија. Вашите проблеми, се наши заеднички, а Република Македонија не оди во вистинска насока. Најголемиот проблем на луѓето е инфлацијата, слабеењето на куповната моќ, надополнето со разочарувањата, тргувањето со националните интереси и тапкањето во место. Сето ова надополнето со сериозни кочења, опструкции и удари по се што е прогресивно, кон општините кои се различна гарнитура од таа на власта, кон граѓаните и организациите кои очекуваат и работат да биде подобро. Ако нешто е сигурно, тоа е дека видовме дека оваа власт не знае и со нив нема да биде подобро, истакна градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски.

-Македонија ја има се помалку.

Кога народот е соочен со социјална криза за која Владата нема слух, кога државата се губи, единствениот пат до подобро утре се промените.

Затоа што навистина премногу е!

На Македонија час поскоро и се потребни предвремени парламентарни избори на кој народот ќе ги заокружи промените кои ги започна на локалните избори. Ова треба да го кажеме гласно, затоа што молкот кога се удира по секој еден човек не е опција.

Затоа Ве повикувам масовно да се приклучите на големиот народен протест кој го организира ВМРО-ДПМНЕ на 18 јуни во сабота.

Овој протест е почеток на промените во Република Македонија.

Ова е протест за промени! За секој еден човек, за иднина.

Протест против безидејноста на Владата за водење на државата.

Гази Баба ќе биде предводникот на тие промени.

За сите нас и за нашите деца.

За нашата Македонија, пишува Стефковски на Фејсбук.

Најнови вести