четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Стефковски за случајот со градинката во Автокоманда: Недозволиво е дете да ја напушти градинката, Тренчевска да реагира!

Стефковски за случајот со градинката во Автокоманда: Недозволиво е дете да ја напушти градинката, Тренчевска да реагира!

Сакам да изразам сериозна загриженост за безбедноста и сигурноста на дечињата кои ја посетуваат детската градинка Детска радост во Автокоманда, вели во Писмената изјава на градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски во врска со случајот за градинката во Автокоманда.

-Како родител на дете кое до неодамна ја посетуваше градинката сериозно ме вознемири информацијата дека две годишно дете успеално да го напишти објектот на градинката без тоа да биде забележано од страна на вработената која е задолжена да се грижи за децата.

Информацијата за овој случај ја добив од загрижени родители во текот на вчерашниот ден.

Недозволиво е дете кое е оставено на згрижување во детска градинка да го напушти објектот без воопшто да биде забележано.

Како градоначалник на општина Гази Баба барам од Министерството за труд и социјална политика под чија надлежност е градинката Детска радост да ја разреши директорката на градинката, бидејќи наместо соодветна постапка за утврдување на одговорност на вработената, директорката и изрекла мерка усна опомена.

Очекувам Министерката Јованка Тренчевска овој пат да постапи согласно Законот за заштита на деца, бидејќи одговорноста за овој случај, но и за се во иднина е единствено во Министерството за труд и социјална политика. – пишува Стефковски.

ОВА Е ОТВОРЕНОТО ПИСМО ДО ЈАВНОСТА ОД РОДИТЕЛИ НА ДЕЦА ОД ДЕТСКАТА ГРАДИНКА ДЕТСКА РАДОСТ

Со огромна загиженост го испраќаме ова отворено писмо до јавноста, а од неговата содржина уверени сме дека и Вие ќе бидете загрижени.

Имено на ден 20.06.2023 година во објектот Темјанушка при детската градинка Детска радост во Автокоманда едно дете од втората јаслена група поради неажурност и негрижа на вработената го напуштило објектот на градинката и по потрага по некое време истото било пронајдено.

Вработената во градинката Р.П. од чија група детето избегало од страна на директорката Анета Петровска добила единствено усна опомена како мерка.

Мајката на детето која е самохрана мајка е под притисок да не го објави случајот во јавноста и на истата и е понудено да плаќа помал месечен надоместок, а како дополнителна мерка детето е префрлено во друг клон на градинката.

Почитувани новинари,

Она на што предупредувавме во минатото за жал станува реалност. Доведена е во прашање безбедноста на нашите деца кои ја посетуваат градинката Детска радост.

Вчера оддржавме состанок на кој присуствуваа родители на 116 дечиња кои посетуваат градинка и од истиот произлегоа следните заклучоци:

1.Бараме Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска под чија надлежност е сега градинката Детска радост, ВЕДНАШ и без одлагање да ја РАЗРЕШИ директорката Анета Петровска.

2.Бараме отпочнување на дисциплинска постапка за утврдување на одговорност на вработената во градинката Р.П. од чија група детето успеално да излезе надвор од објектот на градинката за време на престојот во неа.

Почитувани новинари,

Како родители апелиравме Министерката Тренчевска да не ги одзема надлежностите на општината, токму од овие причини.

Неможе некој што незнае каде се наоѓа градинката во Автокоманда да се грижи за заштитата на нашите деца подобро од оној кој ние како народ сме го избрале за градоначалник.

Очекуваме и бараме и градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски да даде поддршка на нашите барања и да не се изема поради тоа што нема директна надлежност на градинката.

Чашата е прелеана. Доколку Министерката која во минатото покажа дека е недопирлива и се чувствува моќно поради власта која ја поседува и овој пат остане глува на нашите барања ќе следуваат конкретни мерки и чекори превземени од наша страна.

Апелираме и до премиерот Димитар Ковачевски кој е родител да се стави барем на миг на нашата страна и да помисли какво е нашето чувство кога утрово сме ги оставиле во градинка, а незнаеме како и дали ќе си ги земеме.

СО ПОЧИТ,
РОДИТЕЛИ НА ДЕЦА ОД ДЕТСКАТА ГРАДИНКА ДЕТСКА РАДОСТ

Од МТСП на прашањето на Курир велат дека дознале по допрен глас за исченатото дете од ЈОУДГ „Детска Радост“, Општина Гази Баба и дека кај нив нема пристигнато ниту писмен доказ ниту претставка за постапување од страна на инспекциските служби, но притоа потврдувајќи дека ваков немил настан се случило каде што дете го напуштило објектот и истото било вратено од родител на во згрижувачката група.

-Во врска со вашето прашање во врска со настанот за кој Министерството за труд и социјална политика дозна по допрен глас за наводно исчезнување на дете од ЈОУДГ „Детска Радост“, Општина Гази Баба, до овој момент не е пристигнат ниту писмен доказ ниту претставка за постапување од страна на инспекциските служби. Во интерес на целосна и точна информација за настанот, Министерството стапи во контакт со директорката на предучилишната установа, при што истата изјави дека веднаш по дознавањето на настанот ги повикала одговорните вработени и раководителката на објектот „Темјанушка“ при што било изјавено дека детето било излезено во дворот на градинката и вратено од родител во згрижувачката група.

Согласно ингеренциите на директорката на градинката, веднаш бил повикан стручниот тим, инволвираните вработени и раководителката на објектот. Следствено на извршениот разговор веднаш на вработената негователка од групата каде престојувало детето и е издадена писмена опомена, а веќе е формирана и Комисија за утврдување на дисциплинска одговорност за инволвираните вработени и одговорни за згрижување на детето.

Најнови вести