петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Степановски: Дали зад не потпишувањето на договорот во РК Пелистер се крие голем криминален скандал?

Степановски: Дали зад не потпишувањето на договорот во РК Пелистер се крие голем криминален скандал?

Горан Степановски од ВМРО-ДПМНЕ денеска преку својот Фејсбук профил сподели статус и видео во кое прашува дали зад не потпишувањето на договорот во РК Пелистер се крие голем криминален скандал?

-ДАЛИ ЗАД НЕПОТПИШУВАЊЕТО НА ДОГОВОРОТ СЕ КРИЕ ГОЛЕМ КРИМИНАЛЕН СКАНДАЛ ВО РК ПЕЛИСТЕР ЗА КОЈ СЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ И ОРГАНИТЕ НА ПРОГОНОТ?

Фарсата Европски Пелистер продолжува, а што се случува секако најповикана е да одговори градоначалничката. Што има во ревизорскиот извештај јавноста заслужува да знае. На 46 седница на Советот на Општина Битола предложив точка на дневен ред:
– Разгледување на ревизорскиот извештај на РК Пелистер.
Неколку месеци Општина Битола и Наташа Петровска успешно го кријат извештајот. Затоа ја прашуваме градоначалничката Наташа Петровска, која е причината и што се крие во овој ревизорски извештај? Дали негативното ревизорско мислење, дали се точни информациите дека заради овој негативен извештај е отворен предмет во Министерството за внатрешни работи?
И на крај веќе е време Петровска да се појави на седница на Совет на Општина Битола да го приложи тој извештај, затоа што таа и го побара тој извештај, а и на граѓаните им должи објаснување, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Најнови вести