вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Стоилковски: Дали со чесна македонска плата, за четири години е можно да се заштедат пари да се изгради 300 квадрати луксузна вила во Маврово, луксузна куќа во Скопје и три автомобили вредни 130,000 евра ?

Стоилковски: Дали со чесна македонска плата, за четири години е можно да се заштедат пари да се изгради 300 квадрати луксузна вила во Маврово, луксузна куќа во Скопје и три автомобили вредни 130,000 евра ?

Дали со чесна македонска плата, за четири години е можно да се заштедат пари за да се изгради 300 квадрати луксузна вила на Маврово вредна можеби 200,000 евра да се гради луксузна куќа во Скопје, со додатни стотина метри квадратни, да се купат три автомобили можеби вредни 130.000 евра? Па нека таа плата е и градоначалничка? Секој граѓанин во оваа земја одговорот го знае, но ете кога молчи Шилегов, Заев нека одговори, просто, дали може или не може? Почитувани, oва е куќа на Петре Шилегов во Карпош пред и за време на реновирање, истакна на денешната прес конференција, Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

– Ова е куќа која што добива цел кат и чија што вредност се зголемува за можни 130.000 евра. Петре Шилегов целосно обновува и доградува семејна зграда. На пријавените 400.000 евра вредност, сега куќата би изнесува околу 600.000 евра. Пoчитувани, Петре Шилегов откако професионално влезе во политика, енормно и несразмерно го зголемува имотот. Само откако е градоначалник, купува плац со неизградена куќа на Маврово; гради луксузна хациенда од 300 квадрати. Чудовишна вила од 300м² во прв ред со поглед на Мавровско езеро со реална вредност од најмалку 200.000 евра. Ја пријавил како 55.000 евра, појасни Стоилковски.

Тој посочи дека Петре Шилегов нема пријавено два автомобили Ауди од 45 до 55 илјади евра и дека не е пријавен ниту автомобилот на неговото дете, а тој сам се пофали со кола вредна 30-тина илјади евра.

– Ова е само тоа што може да се види и се знае, а го нема на неговиот Анкетен лист. Вкупно, Петре Шилегов за четири години, гледајќи ги овие факти е побогат во имот за можеби половина милион евра. Затоа сега, повторно поставувам просто прашање до Петре Шилегов и до Зоран Заев. Дали со чесна македонска плата, за четири години е можно да се заштедат пари за да се изгради 300 квадрати луксузна вила на Маврово, да се изгради луксузна куќа во Скопје, да се купат три автомобили можеби вредни 130.000 евра? Па нека таа плата е и градоначалничка? Секој граѓанин во оваа земја одговорот го знае, но ете кога молчи Шилегов, Заев нека одговори, прост како што знае, дали може или не може, прашува портпаролот.

Најнови вести