четврток, 14. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Стоилковски: Едно семејство после поскапувањето просечно во годината ќе треба да плаќа 200 евра повеќе за струја

Стоилковски: Едно семејство после поскапувањето просечно во годината ќе треба да плаќа 200 евра повеќе за струја

Минаа изборите и стаса сметката за неодговорното работење на Зоран Заев. Струјата поскапува околу 7,5%. Сега граѓаните од свој џеб ќе ги плаќаат скапите тендери кои ги прават Заеви во РЕК и партиските и непотистичките вработувањата кои изминатите години СДСМ и Заев ги правеа во енергетските компании на државата, истакна на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Дополнително, се она што беше преизборен поткуп за наводна поддршка на граѓаните, СДСM побрза да си го земе назад, но неколку кратно повеќе. Згора на се без срам претседателот на РКЕ се фали дека за сметка од 1500 денари зголемувањето ќе било само 100 ден.

Почитувани, сметките за електрична енергија не се чист процент за пресметување. На таа зголемена цена има и ддв од 18%. Оттаму ве уверуваме дека зголемувањето на сметка од 1500 денари ќе биде многу повеќе од 100 денари и ќе се движи и до 500 денари.

Или поточно ако се земе предвид дека граѓаните плаќаат во просек сметки по 3000 денари месечно, поскапувањето ќе биде речиси 1000 денари поскапа струја месечно, односно до крајот од годината секое семејство ќе треба да одвојува дополнителни 12 илјади денари или 200 евра повеќе од својот семеен буџет.

Она што се фалеа дека го дале со враќањето на ефтината тарифа, денес го одземаа повеќекратно.
Ненародната власт на СДСМ без срам се правда дека сме имале ниска цена на струјата. За жал сега многу земји од регионот ќе имаат пониска цена на електричната енергија од нас, а во исто време и повисок стандард од оној во Македонија. Сега ако се земе само цената на струјата од Македонија поефтина струја плаќаат во Србија, Бугарија, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина, Молдавија, Украина.

СДСМ не доведе до питачки стап. Во време на корона криза кога секој е погоден на некој начин од кризата, не можеше да случи поголема катастрофа од ова зголемување на цената на струјата. Кога секое семејство се бори за да го преживее од први до први во месецот,плашејќи се и од здравствената криза, СДСM реши да ги богати енергетските компании. Истите тие кои вработија преку 1000 партиски војници во предизборието. Истите тие кои во ниту еден момент од кризата не беа коректни, па наплаќаа однапред поголеми сметки, правдајќи се дека не извршиле читање на струјомерите.

Дали освен тоа што Регулаторната комисија е партиска и непрофесионална, уште е и во спрега со големите енегетски компании? За жал, сето тоа се прави врз грбот на народот.

СДСM не ветија, ама навистина остварија повисока цена на струјата. Евтината тарифа за струјата со која толку многу се фалеа ќе биде неколкукратно повеќе наплатена од џебот на граѓаните. Ова е сериозен удар врз граѓаните. СДСM покажаа дека знаат да функционираат само во криминал и само во грабеж.

Најнови вести