недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Стоилковски: Македонија гори, Стојанче се фали со цртежи

Стоилковски: Македонија гори, Стојанче се фали со цртежи

Македонија гори, Стојанче Ангелов споделува цртежи на социјални мрежи! Македонија гори, Ангелов се фали со карикатури. Целосна одлепеност од реалноста на оној кому што му е оставена сета заштита на државата, изјави денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

-Се уште Македонија е во кризна состојба, се уште беснеат пожари, се уште шумите, селата, градовите, па и човечки животи се во опасност, а нема системски одговор, и нема одговорност! Наместо тоа, има карикатури од човек целосно неадекватен за позицијата. Ова е прв пат волонтери од странство да дојдат да гаснат пожари во Македонија. А власта одмора, споделува цртежи и тера личен маркетинг! Напорите за справување со огнената стихија ја координираат Австријци, Словенци и други странци. Странските медиуми ја претставуваат Македонија како да е во 14 век, за тоа време унапредениот Стојанче споделува цртежи и си игра со гранчиња. Тоа е системот на СДСМ во кризна состојба, среде оган, истакна Стоилковски.

Тој вели дека власта дезертираше среде кризна состојба.

-Замина на одмор, се врати, се сликаше, го изеде месниот нарезок на пожарникарите и повторно ја снема! Нема друг случај во Европа каде премиер и минситри дезертирале, ја напуштиле државата за време на соочување на земјата со голема криза и загрозени човечки животи. Се уште нема одговорност. По две недели пеплосување коешто се уште трае, Не е формирано функционално централно кризно тело, со професионалци наместо циркузанти, нема свикана вонредна собраниска седница за информација за последните случувања со пожарите во Македонија. Нема одговорност за несервисирана опрема и ненавремена реакција. Системски одговор не е пораката „Се нека изгори, ние ќе платиме“, туку превенција, брза реакција, заштита на заедничките добра, шумите, полињата, градовите, личниот имот, заштита на човечките животи, нагласи Стоилковски.

Никој веќе не бара одговори од СДСМ и од Заев. Од СДСМ со Заев се бара одговорност!

Најнови вести