петок, 12. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Стоилковски: Македонија и граѓаните бараат брзи предвремени избори, немаат доверба во власта и тоа се гледа на анкетите

Стоилковски: Македонија и граѓаните бараат брзи предвремени избори, немаат доверба во власта и тоа се гледа на анкетите

Македонија и граѓаните бараат брзи избори, тоа се гледа во анкетите, нема доверба во власта и Македонија оди во погрешна насока. Едноставно неодржлива е состојбата на економски, образовен и секој аспект, а и секој ден со криминалот и корупцијата сме се подалеку од ЕУ, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски одговарајќи на новинарско прашање зошто ВМРО-ДПМНЕ инсистира на предвремени избори, сега.

Стоилковски посочи дека власта го нема потребното мнозинство за уставни измени и дека секојдневната нивна реторика за нив е само тактика за купување време за нивно останува на власт ден повеќе и предвремените избори да станат временски беспредметни, додека Македонија секојдневно тоне во се подлабоки кризи.

„Власта на ДУИ и СДС со уставните измени ја матат јавноста повеќе од цела година, јасно е дека немаат поддршка и таа состојба нема да се смени. Напротив, ова е тактика на ДУИ и СДС за купување време за да предвремените станат временски беспредметни. Но, во меѓувреме Македонија секојдневно тоне се подлабоко во кризи, тоа допрва граѓаните ќе го почувствуваат наесен и зимата, а сето тоа дополнително ќе не оддалечи од ЕУ, имајќи ги предвид роковите за избори во Македонија и во ЕУ“, потенцираше Стоилковски.

Најнови вести