четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Стоилковски: Мора да има кривична и политичка одговорност за обидот за линч на Јанакиески и Ристовски

Стоилковски: Мора да има кривична и политичка одговорност за обидот за линч на Јанакиески и Ристовски

Одговорност за обидот за линч на поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски мора да има. И кривична и политичка, порача портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

-Оставката на директорот на истражниот затвор е само глума со која што треба да се сокријат вистинските виновници и вистинските нарачатели. Неприфатливо е скандалозното малтретирање да се затвори со дисциплинска одговорност за неколку чувари. Се споменуваат пропусти и дисциплински прекршоци и неуредност, но не и одговорност. Нема збор, нема ништо од одговорност, нема ништо од вистинска истрага, за нарачателите и извршителите, нема одговорност за случајот обид за линч во притвор врз опозицискки членови, поранешни државни функционери. Ова е обид да се забошоти случајот. Повторно прашуваме кој го нарача линчот и кој даде наредба после нападот врз Ристовски, во дворот на затворот да биде изнесен и нападнат и Јанакиески? Зошто нема снимки од нападот?  Во оваа претстава за јавност изостанува истрагата за заканите кои пристигаат од членови и поддржувачи на Кумановската терористичка група преку социјалните медиуми, вели тој.

-Во сценариото изгледа не е предвидено МВР и Обвинителството да спроведат истраги по нив. Ниту за потврдените податоци за мобилни телефони и дрога во затворот. МВР и обвинителите служат само за политички прогон против опозицијата. Ваквата претстава во заевистички манир е прочитана и одговорност ќе има! Прво на претседателските а потоа и на неминовните предвремени парламентарни избори, порача Стоилковски.

Најнови вести