вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Стоилковски: „Можеле да сокријат“ значи само едно – Сокриваат многу

Стоилковски: „Можеле да сокријат“ значи само едно – Сокриваат многу

Нема ден да нема нов скандал и ново забегување во самобендисните изјави на државниот политички врв. Министер за одбрана, втор чин во партијата на власт вели: „Можеше ова да не го кажеме, за да добиваме помалку прашања“ – Радмила Шекеринска порача дека можеле да сокријат дека е вратен капарот за кинеските вакцини, истакнува Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение следува интегрален текст од неговиот коментар:

Внимавајте „можеле да сокријат“- значи само едно – дека сокриваат колку им душа сака!

На пример: сокриваат за случајот со Рашковски тежок осум милиони евра. Нели е сокривање снимен разговор, самиот потврди дека тој зборува, чиста корупција, нема ништо од некаков процес – јавноста не смее да зборува – затоа што ако зборува може да заврши како тројца новинари кои што беа повикани во полиција затоа што ја објавиле аферата?

Сокриваат ли за случајот „ШИК Јелак“ во Тетово – огромен скандал кој што открива можна поврзаност на владата, директно на премиерот, со балкански бизнисмен, поранешен припадник на југословенските служби, а сега го врзуваат со Москва, за пари давани на црно за финансирање на избори, имот, бензински пумпи и што се не, во замена за огромен градежен плац во Тетово? Да потсетам Заев призна дека дал насока СДСМ во Тетово на Советот да гласа за тој контроверзен ДУП!

Дали по принципот на Шекеринска сокриваат кој и што стои зад исчезнувањето на Сашо Мијалков, на пример, што предизвика скандалозни брканици, прес конференции, меѓусебни обвинувања на линија министер за внатрешни – суд – обвинителство? Сокриена ли е вистината за неговото изненадно појавување пред медиуми како слободно шета во Скопје иако има потерница и најавена е меѓународна потерница по него?

Сокриена ли е вистината и за причината зошто и четири месеци по најавата, нема вакцини и Македонија е црна дупка во светот, заради наводни грешки во документи, и со „Фајзер“, а сега и со Кина?

Сокриена ли е вистината за политичкиот договор за пописот? Сокриена ли е вистината за бројот на невработени, за затворени погони, за хаосот во образованието, за изборните манипулации, за поткупи, за висината на меѓународното задолжување, за криминалот и корупцијата заради која што Македонија тоне на сите релевантни мерења и полека полека од хибриден преоѓа во власт на диктатура?

Можеле да сокријат, за да добиеле помалку прашања – порача вториот чин во СДСМ! Прашањата се тука и Шекеринска и Заев и Филипче и Николовски и Спасовски ги знаат одговорите – само што се уште ги сокриваат. Но доаѓа ден, за брзо се ќе се дознае!

Најнови вести