среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Стоилковски: Мрзливиот Шилегов во изборна година вработува нови 175 административци во ЈСП кое едвај преживува и со градските субвенции

Стоилковски: Мрзливиот Шилегов во изборна година вработува нови 175 административци во ЈСП кое едвај преживува и со градските субвенции

Советот на Град Скопје, поточно советниците на СДСМ вчера изгласаа скандалозна одлука со која што мрзливиот градоначалник, Петре Шилегов овозможи нови 175 вработувања во ЈСП -претпријатие кое што ако не се субвенциите на Град Скопје ќе банкротира, изјави денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

-Еве го тој план, каде што според дописот планирани вработувања заклучно со 31 декември се 175. И според описот во годината во која што се однесува оваа одлука вели 41 пензионирање ќе има во текот на годината, а планирани се 175 нови вработувања. Носење на ваков План и тоа во изборна година несомнено отвора сомнеж дека списоците за овие вработувања веќе се направени. Да беа вработувани само возачи кои што се дефицитарен кадар на ова јавно сообраќајно претпријатие ќе бевме првите кои што истото ќе го поздравеа, а вака понудениот список укажува на тоа дека ЈСП станува државна јагма за приватни и за партиски цели.

Во година кога 60 илјади луѓе од приватниот бизнис остануваат без работа, кога економијата и официјално е во рецесија, токму на директорот на ЈСП поставен од неработникот Петре Шилегов му притребало после четири години директорување нов оперативен директор. Или пак советник за примена на Законот за јазици. Што ќе го советува и како сега после неколку години од донесениот Закон баш сега му притребал ваков кадар. Или пак работно место инженер за инвестиции, па какви инвестиции кога најголемиот инвеститор на ЈСП е токму Град Скопје, вели Стоилковски.

Посочува дека со овој обем на вработување Владата треба да се откаже од намерите за привлекување на нови странски инвестиции, поради две причини, првата затоа што ќора инвестиција не донесоа, и втората, затоа што најголемиот работадавач на оваа држава станува токму Град Скопје и мрзливиот Петре Шилегов.

Но, проблемот е што ова се парите на скопјани. А, кога државни пари се слеваат за лични интереси освен што е еден неморален конфликт, тој несомнено покажува и за силна политизираност на целиот процес.

Најнови вести