петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Стоилковски: Одлуката на Апелација за притворот на Јанакиески и Божиновски очекуваме да биде донесена врз база на факти

Стоилковски: Одлуката на Апелација за притворот на Јанакиески и Божиновски очекуваме да биде донесена врз база на факти

Како што и неколку пати досега на овие прес конференции од ВМРО-ДПМНЕ имаме посочувано, одлуката за притвор на Јанакиески и Божиновски е одлука на политички реваншизам и притисок врз опозицијата и неистомислениците, истакна денес портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски одговарајќи на новинарско прашање.

-Самите видовме дека решението за притвор се темели на фиктивна службена белешка, чија содржина е демантирана и од страна на претседателот Иванов, од каде што нели потекнува белешката како што е наведено.. Овој случај е уште еден доказ дека е дерогирана правната држава и дека принципот владеење на правото не  се применува во праксата, туку дека институциите се злоупотребуваат. И како што веќе имаме истакнато од ВМРО-ДПМНЕ, според нас нема никаква причина за луѓе кои уредно се пријавуваат на судот и ги почитуваат одлуките за претпазливост претходно донесени од судот, да бидат во притвор, во исто време  не  постои ниту една причина и аргумент за определување на  притвор покрај наведеното, вели Стоилковски.

Тој посочи дека сето ова можело да се види во јавноста на вчерашната јавна седница на Апелацискиот суд.

-И очекуваме судиите да се одважат и да бидат на висината на задачата. Тие треба да одлучат помеѓу фактите изнесени од највисокиот државен орган, Претседателот на Република Македонија од една страна и фингирана службена белешка од УБК која се повикува на анонимен извор, од друга страна. Доколку има право и правдина повеќе од јасно е каква треба да биде одлуката на судот. И таа одлука очекуваме да биде исклучиво донесена врз база на факти, односно да се донесе одлука која што ќе значи укинување на неправедно изречениот притвор за Јанакиески и за Божиновски, заклучува партискиот портпарол.

Најнови вести