Бидејќи на антикорупциска не и се слушаат пресовите за тоа како феудалецот Зоран Заев долгорочно си ги присвојува богатствата на Македонија, денеска до неа поднесуваме Претставка, која што се надевам нема да заврши во некоја фиока, или уште повеќе антикорупционерите нема да се сокријат зад формалности. Издавањето на концесија на 30 години за рудни богатства на бате Вице и на бате Трајче, од владата на Зоран Заев е чиста корупција, дејствие кое што произлегува од судир на интереси, изјави денес за медиумие, Наум Стоилковски, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.
– Заев не може да се сокрие дека се изземал од одлучување, затоа што се работи за одлука на орган чии што членови тој самиот ги предложува, ги избира, над нив е со позиција и може да ги разреши за непослушност.
Членовите на владата во случајот гласаат не по сопствено убедување, туку со убедување да му удоволат на шефот.
Да потсетам, владата тајно, за тоа што се уште нема записник, издала концесии на цели 30 години за рудни богатства – глина на фирмата „Еленица“, семејната фирма на Трајче и на Вице Заеви, фирма каде што едно време и Зоран Заев бил дел од управувањето, вели тој.
– Ова е дело во низа, истото се случи и во 2018-тата година, на ист начин, тајно 30 години е дадена концесија тогаш концесијата ја зема семејната фирма, водена од Вице Заев, „Тотал Инжинеринг“, што значи има след на настани, а извршителите се потпираат и се надеваат на неказнивост. ДКСК мора да се издигне и да биде на ниво на задачата и на заклетвата дадена по оној холивудски јавен избор, односно да ја утврди корупцијата и да бара раскинување на концесијата, а Зоран Заев да одговара согласно законот, посочи Стоилковски.