понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Стоилковски: Предметите Тенк и Поткуп се најдобар доказ дека судството работи под политички притисок

Стоилковски: Предметите Тенк и Поткуп се најдобар доказ дека судството работи под политички притисок

Правната држава е мисловна именка во Република Македонија. Правдата не постои во Македонија. Судството е целосно ставено во функција на политичка пресметка со неистомисленици. Сите процесите се водат врз политички факти.

Ова денеска на прес-конференција го истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковскил. Тој направи споредба на судските процеси Тенк и Поткуп.

– Случајот Поткуп стартува уште во 2013. година кога заради сомневање за коруптивни кривични дела се бара дозвола од надлежните органи, преку посебни истражни мерки и е документирано „барање поткуп“ од Зоран Заев, тогашен градоначалник на Струмица. Целата јавност потоа можеше да го види како бара едно евро за себе, што требало да биде платено кај Вице и едно евро за црквата, по метар квадратен и тоа за приватизација на државно земјиште. Станува збор за стотици илјади евра, рече Стоилковски.

Според него, случајот Тенк почнува четири години подоцна, во јануари 2017. година и е почнат врз основа на незаконски стекнати, прислушувани разговори чија автентичност никогаш не е потврдена, бидејќи  како што рече, не постои оригинал кој што би се вештачел.

– Случајот Тенк во кој се обвинети Никола Груевски, Гордана Јанкуловска и Ѓоко Поповски се базира исклучиво врз претпоставка дека Никола Груевски ги поттикнал Јанкулоска и Поповски да набавеле блиндирано возило за да може тој да се вози во него. Противправна имотна корист не остварил никој, штета на државата не е направена бидејќи мерцедесот што е набавен се уште е во сопственост на Владата и во него се возат високи функционери од актуелниот картел на власт, посочи Стоилковски.

Во однос на обвинителниот акт, вели дека тој за случајот Поткуп од страна на, како што рече, партиското обвинителство за кое СДСМ обвинуваше оти е под контрола на ВМРО-ДПМНЕ е поднесено во јуни 2015 година.

-Повеќе од две години откако е поднесена кривична пријава и отворена истрага. На крајот Јавниот обвинител го преквалификуваше обвинението само за да се изземе снимката добиена законски со посебни истражни мерки и сега ги убедуваат граѓаните дека не го виделе тоа што го виделе и не го слушнале Заев како бара поткуп. Обвинителниот акт за случајот Тенк е поднесен шест месеци по отворањето на истрагата, односно во јуни 2017 година, спореди Стоилковски.

Вели дека првото рочиште за случајот Поткуп е закажно во јануари 2016 година, шест месеци по обвинителниот акт и веданш потоа одложено за март, додека ричиштата за предметот Тенк се закажуваат експресно.

-Пред да биде закажано првото рочиште претходеа изјави од Зоран Заев во кои што јавно го понижуваше судот. Велеше дека не го признава и дека нема намера да се пријавува редовно, односно да ја почитува определената мерка. Следуваат најмалку 12 одложени рочишта.  Прво Заев беше на службен пат, па адвокатите му патуваа, па Заев беше во Тирана, па во Сараево, па потоа на познатата средба со „Италијанскиот Амбасадор“. Во април 2017 година судењето беше одложено за во мај, а откако Заев од лидер на опозиција стана премиер, судењето се одлагаше и заради отсуство на судијката. Потоа следеше одложување заради посети во странство, па немање услови за прегледување на легално снимениот момент на барање пари. Рочиштата во Поткуп траат кратко и судот не си го пречекорува работното време. Рочиштата за предметот ТЕНК се закажуваат експресно. За правата на одбраната соодветно да не може да се подготви. Судијката Добрила Кацарска закажува и по четири рочишта неделно. Рочиштата траат од утро до мрак дури и по 12 часа. Не се водеше сметка ниту за барања за изземање, ниту за суштински приговори. Следуваа закани за стражарни приведувања дури и ако се доставаа уредни лекарски уверенија, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Во однос на завршните зборови за двата случаи, Стоилковски вели дека завршните зборови за случајот Поткуп се одржаа на 15. мај, а за Тенк денеска, на 17. мај. Појаснува дека траењето на целата постапка во првиот случај, Поткуп е цели три години, додека Тенк за една година.

-Да не заборавиме дека случајот Поткуп е многу поедноставен, со еден обвинет, за разлика од тројца обвинети во случајот Тенк. Случајот Поткуп е со една снимка која е законски прибавена со посебни истражни мерки, а случајот Тенк со повеќе снимки кои се незаконски прибавени. Случајот Поткуп е со еден сведок, а во случајот Тенк мораа да бидат сослушани 40-тина сведоци. Тоа што говореа сведоците во случаите е посебна споредба, вели Стоилковски.

Појаснува дека во случајот Поткуп имаше само еден сведок кој го потврди кривичното дело на Заев, додека во случајот Тенк повикани беа околу 40 лица, 15 сведоци на СЈП и уште 20-тина на одбраната. Столковски вели дека сите, без исклучок, сведочеа контра обвинителниот акт.

-Посочија дека претходните блиндирани возила не можеле да ги задоволат законските безбедносни потреби. Сведочеа дека мора да се набави ново возило. Сведочеа дека постапката е целосно согласно закон. Сведочеа дека МВР дури не морало да распише тендер. Сведочеа дека не е фаворизирана ниту една компанија бидејќи било кој импортер можел да понуди возило соодветно на барањата. Сведочеа дека немало контакти меѓу МВР и компанијата што го добила тендерот. Сведочеа дека не била побарана нереална маржа и дека практично, никој не остварил некаква противправна корист, ниту е направена некаква штета, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Стоилковски посочи дека двата процеси влегуваат во финиш, иако едниот е почнат три години порано. Според него, за Поткуп СДСМ врискал дека е воден во време за режим, но молчи за Тенк.

-Во првиот Јавниот обвинител го преквалификуваше обвинението само за да се изземе снимката добиена законски начин со посебна истражна мерка и сега ги убедуваат граѓаните дека не го виделе тоа што го виделе и не го слушнале Заев тоа што го бара. Во вториот се игнорира Европската конвенција за човекови права и одлуките на Европскиот суд за човекови права. Не верувам дека некој би прифатил да се обложува како ќе завршат овие два судски процеси. Сите се сомневаат на однапред договорен натпревар во кој секој ќе го добие тоа што не го заслужува. Но, постои голема можност, единствен добитник да биде судијката Добрила Кацарска, која фигурира и во двата предмети, со тоа што ќе го добие местото за кое конкурираше, а тоа е  Претседателка на Апелациониот суд. Тоа што се случува сега во судот е неправда која што мора да прекине, рече Стоилковски.

Најнови вести