понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Стоилковски: СДСМ над законите, мандатот на Николов ќе биде фијаско

Стоилковски: СДСМ над законите, мандатот на Николов ќе биде фијаско

Ако се суди според првите часови од осум месечниот мандат во Штип на Сашко Николов, индикаторите покажуваат дека ќе биде вистинско фијаско, изјави денеска за медиумите, Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

– СДСМ во време на корона организираше избори на кои што сама учествуваше и едвај сама победи, гласаа луѓе кои што се со забрана за движење, потоа организираше групна прослава во центарот на Штип, а функционерите правеа банкет во ресторан во време по забраната за работа! Истовремено за сите останати важат забрани и казни за групирање, за сите други важат казни за неносење маски, за сите други важат забрани и казни за прослави, за сите други важат забрани и казни за работа на локали по 21 часот!, вели тој.

Ова се фотографиите спорелени од штабот на СДСМ во Штип доцна синоќа, ова е фотографијата пред штабот на СДСМ, синоќа по 20 часот. Ова е фотографија споделена на социјалните мрежи, внатре од штабот на СДСМ. А, ова е фотографија од кафеана, од локал кој што работел за прославата на СДСМ по 21 часот! Ова се докази за нехуманост, самоволие и деспотското надзаконско делување на СДСМ,потенцира Стоилковски.

 

– И секако, пред овој објект ја нема Мери Проја Продановска да крева паника, нема специјални полициски одреди да упаднат во кафеаната и да казнуваат да бараат снимки, ја нема хистеријата на СДСМ! Ама ги има Костадинов и Николов во страствен занес! Е па Докторе Сашко Николов, за секоја нова жртва од корона од Штип во следните денови, погледни ги овие фотографии!, додаде тој.

Најнови вести