понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Стоилковски: Шилегов да ја покаже градежната дозвола и од кога е потпишана!

Стоилковски: Шилегов да ја покаже градежната дозвола и од кога е потпишана!

Петре Шилегов , објави документи, покажи дозвола за градба! Ако ги имаш, ама ги немаш, стои во Фејсбук статусот на Наум Стоилковски.

Тој напиша дека Шилегов наместо да нарачува наслови во медиумите каде го нема “глаголот”, наместо притисок врз редакции, наместо да не им одговара на телефони и смс пораки, треба да ја покаже градежната дозвола.

– Ајде да видиме дозвола, од кого е потпишана, каде се платени комуналии, кој се со тебе е заглавен во криминал?
Дали потпишал Богоев? Дали тој за урбанизам? Еве и нешто плус- ДУПот од 2016 е поништен од Уставен; оспорен од НВО против токму ваква бетонизација. Богоев не донесе нов. А според тој од 2012, немаш дозвола за толкаво здание.
А градиш Петре нелегално баш според пишанито во поништениот ДУП! Ги повикувам и граѓанскиот сектор, О2 и другите НВО коишто го оспорија ДУПот да излезат и побараат одговорност од Шилегов за ова урбанистичко дивеење, пишува Стоилковски.

Најнови вести