недела, 11. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Стоилковски: Шилегов наместо да се кара со новинарите, нека види дека кај Ректорат и Лисиче има загаденост

Стоилковски: Шилегов наместо да се кара со новинарите, нека види дека кај Ректорат и Лисиче има загаденост

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски преку статус на Фејсбук пишува дека градоначалникот на Скопје Петре Шилегов наместо да се кара со новинарските екипи треба да види дека во моментов има загаденост кај Ректорат и Лисиче во Скопје.

-Шилегов пак нека го извади телефонот за да види дека во моментов кај Ректорат и Лисиче во Скопје има загаденост.

Бидејќи наместо тој да се „мршти“ токму вака изгледаат скопјани кои што се гушат во смог на +40!

Овие црвени кругови се актуелна ситуација од Тиме.мк; доле се податоците за Скопје од Министерството за животна средина. На среде е Петре во улога на промотор на „Лажни вести“.

Иако приоритет на Петрета му е да се расправа со новинарски екипи, можеби треба да земе пример од Златко Марин и да си зголеми буџет за „најпаметен“ телефон, со точни податоци?

Или можеби податоците му се останати од викендицата на Мавровка?

Смена е најмалку што ќе ве снајде!

СДСМ е најлошото во Скопје,

СДСМ е најлошото за секоја општина во Македонија!, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Најнови вести