Повторно сите дипломати, амбасадори, тешки титули во МНР останаа без здравствено осигурување. Ги “дриблаат” како на времето стечајците што ги дриблаа. И видиш вистинско именување на состојба- СТЕЧАЈ ДИПЛОМАТИЈА, стои во Фејсбук статусот на Наум Стоилковски, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.
– Туку кај ви е тоа Синдикатот на Најче , па тие од Совет ли како се нарекуваа, сега глас да дигнат? Замина амбасадор или уште не? Како и да е глас не му се слушна! Среде епидемија, сета лудница вие без здравствено осигурување, без платени придонеси! На сето меѓународно понижување на дипломатијата, излезете бре со порака “ИДИ ЛЕЧИ СЕ, БУДАЛО!”
Буквално, кај образот ви го изгнаси, сега и придонеси не ви уплаќа! Министерство, како завод за лупење пиперки!
Ама, па од друга страна така може рецепт на црно да не ви пише докторот министер, и тоа си знаете? 😉
#Резил!, пишува тој.