петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Стоилковски: Сите лица кои биле дел од злосторничкото здружение на Јанева, мора да бидат суспендирани се до завршување на истрагата за аферата „Кеш“

Стоилковски: Сите лица кои биле дел од злосторничкото здружение на Јанева, мора да бидат суспендирани се до завршување на истрагата за аферата „Кеш“

Обвинителите, истражителите и сите службени лица кои биле дел од злосторничкото здружување на Катица Јанева, мора да бидат суспендирани се до завршување на истрагата за аферата „Кеш“ со чие излегување во јавноста видовме дека преку СЈО биле проневерени милиони евра пари од граѓаните, обвинува Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-Само на овој начин, само така јавноста ќе има гаранција дека соработниците на Кaтица Јанева и на Зоран Заев нема да влијаат и да ја попречуваат истрагата за тоа каде и како завршија над 10 милиони евра. СЈО на вработените и на физичките лица за хонорари и по други основи исплатиле над 10 милиони евра, пари од Буџетот на Република Македонија.  Анализата на трошењето на СЈО, покажува дека доминираат исплатите од ставката договорни услуги, односно 87% од вкупните расходи на СЈО се по таа ставка, договорни услуги. Анализата покажува дека се оправдани сомненијата дека милиони евра се исплаќани преку СЈО за купување на политичка поддршка на Зоран Заев, особено во моментите кога таа највеќе му требала, а тоа е за време на изборните процеси во Република Македонија, истакна тој.

Стоилковски потенцира:

-Анализата на исплатите по основ на договорни услуги, покажува дека тие нагло се зголемуваат токму помеѓу третиот и четвртиот квартал од 2016 година, а изборите во Република Македонија се одржаа на 11 декември 2016 година. Оваа динамика на зголемени исплати трае се до третиот квартал од 2017 година, а знаеме дека кога на 29-ти октомври 2017 година беше одржан вториот круг од локалните избори. Ваквата анализа остава простор за огромен сомнеж за причините за исплаќање на парите од СЈО односно за прашањето дали има поврзаност за растот на наплатата за услугите со изборниот процес во 2017 година?

-Компаративна анализа на исплатите на физичките лица за третиот квартал од 2016, 2017, 2018 и 2019 година, по основ на договорни услуги од страна на СЈО, оваа компаративна анализа покажува дека истите тие исплати својот врв, својот пик, го доживуваат токму на 30-ти септември 2018 година. Тоа е месецот кога беше спроведен неуспешниот референдум за капитулантскиот договор од Преспа. И повторно, еве го прашањето има ли поврзаност меѓу овој скок на наплатите во период на Референдумот?

-Уште една анализа за уште еден квартал. Компаративната анализа на исплатите на физичките лица за четвртиот квартал од 2016, 2017 и 2018 година. Исплатите нагло се зголемуваат во четвртиот квартал од 2018 година, односно во периодот кога беа отворени уставните измени. Тие се отворија на 19-ти октомври 2019 година, или поточно на почетокот од четвртиот квартал од 2018 година. Издатоците потоа растат како што се вршеше промоција на предложените уставни измени во МАНУ и низ Република Македонија. Па дали ова не остава можност за сомнеж, за поврзаност со она што се случуваше во парламентот?

-Kомпаративната анализа за вториот квартал од четирите години постоење на СЈО, ова анализа покажува дека исплатите нагло се зголемуваат во вториот квартал од 2019 година. Тоа е периодот кога се спроведуваа претседателските избори. Особено е забележително во периодот на вториот круг избори има зголемено активност на исплати од СЈО. А, изборите се одржаа на 5-ти мај 2019 година. И повторно се остава огромна скепса можност за сомнеж за поврзаност со ваквиот раст и можеби платената поддршка, за претседателска кампања во поддршка на кандидатот на СДСМ?

-Премногу коинциденции не се коинциденции. Ваквите 4 компаративни анализи покажуваат поврзаност со растот на висината на исплатите на договорните услуги кон физички лица, веќе познати на јавноста, со изборните/референдумските, но и другите исклучителни настани во Република Македонија, како што беа уставните измени. Ваквите показатели даваат за огромен простор за огромен сомнеж дека со парите и исплатите од СЈО не само што се вршел притисок врз опозицијата, туку и можеби директно се плаќала поддршката за власта во изборен процес. Одговорност за овој криминал мора да има. Соработниците на Јанева и на Заев добро ги знаеле законите и свесно влегле во проневерувањето буџетските пари. Никој не е над законот па ни Зоран Заев, заклучи тој.

Најнови вести