Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски во гостувањето за радиото лидер 1, во отворената програма која ги следи денешните протести на опозицијата истакна дека власта ги избегнува бега од расправа во собранието со цел да се изгради заеднички национален став по однос на негаторските политики на официјална Софија.
– Владеачкото мнозинство со 4 гласа за и 5 гласа против го одби предлогот Комисијата за надворешна политика да ја разгледува точката “утврдување на националните позиции за македонско-бугарските односи во контекст на европските интеграции. Власта повторно бега од седница . Зоран Заев премиерот во заминување бега од одговор пред јавноста што всушност сега во моментот преговара со Бугарија во насока на испорачаните барања од таму, за македонскиот јазик, за македонската историја, за антифашистичката борба, за се што значи македонски идентитет, изјави Стоилковски.
Тој ги повтори ставовите на ВМРО-ДПМНЕ за ова актуелно прашање.
– Само политички аматер како Заев може да потпише договор во кој критериум за напредок на Македонија и нејзината интеграција во ЕУ ќе бидат лингвистички прашања и прашања од историјата. Само политички аматер може да ја доведе сопствената држава и сопствениот народ во ваква позиција, изјави Стоилковски.
Тој повика сите граѓани кои се погодени од ваквото однесување на власта да излезат на протести и во Скопје и низ Македонија, бидејќи власта ја доведе држава во еден невиден безизлез и подреденост.
– Тука станува збор за татковината, за сите сегашни, минати и идни генарации. Ние имаме обврска да ја браниме Македонија, па дури и од луѓе кои не си ја почитуваат својата традиција. Не смее да се заборави дека сите партизански одреди ги носеле имињата на војводите од илинденското востание. Не смее да се заборави . Голем дел од оние кои учествувале во НОБ биле усчесници и во илинденската и пост илинденската епопеја во борбата на македонската самобитност, изјави Стоилковски за радио Лидер.