Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски, вечерва во телевизиско гостување во емисијата „Објектив“ во МТВ, истакна дека Зоран Заев не сака да добиеме датум за преговори со ЕУ затоа што мафијата му е помила, а Заев изиграва судија за случаите како со Драги Рашковски.
-Зоран Заев не сака да добиеме датум за преговори со ЕУ затоа што мафијата му е по мила, ваквите чекори на оваа власт кон приближување до Европската унија нема да бидат возможни, ниту пак ќе може да изиграва судија, како што вели дека ги прегледал сите докази за Рашковски и човекот според него не бил крив, да вели дека нема појма, а да го опишува продуктот на Драги Рашковски, понатаму да ги пушта низ вода оние кои ќе му го загрозат личниот прект тој само да остане на власт, а за да може мафијата и понатаму да работи, вели Стоилковски.
Стоилковски вели дека пораките од меѓународната заедница се јасни во однос на владеење на правото, а денеска излезе рангирањето за слободата на медиумите, тонеме буквално во секој сегмент на општественото битисување, посочи тој.
Стоилковски потсети дека за првиот случај на скандал за Драги Рашковски, „Леонардо“, тој не беше повикан ниту во полиција, ниту во ЈО, туку беа повикани новинарите, каде се отвораше случаи за нив, а тој од позиција на генерален секретар се закануваше врз новинарите и медиумите.
Афери излегуваат секој ден и не само од укажувачи, туку и самата меѓународна заедница врши свој притисок како вклучувањето на ДЕА во акциите на МВР, како посочувањата на американската амбасада која вели дека Македонија мора да спроведува борба против корупцијата, како и истото кое го посочуваат извештаите од ЕУ, вели Стоилковски.
Стоилковски критикуваше за работењето на Љупчо Николовски, кој како што вели стана министер за корупција со страмните акции со путерот, а во исто време постојат индиции дека е замешан во коруптивен скандал со откуп на тутун.
Постојат толку многу афери и скандали на оваа власт што веќе е невозможно да се следат сите, па почнавме да ги забораваме, како што е случајот со Лидија Димова, критикуваше Стоилковски.
Стоилковски вели дека човекот кој ја води Владата, а беше реформатор во судството и оној кој го постави системот е Зоран Заев, како и човекот кој го постави Љупчо Николовски е Зоран Заев, власта гази на лешеви за да си ги зачува фотелјите, а бројни се преседаните и криминогените делувања.