петок, 19. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Стоилковски: Зоран Заев се однесува како воен профитер затоа што е неспособен и му бега ситуацијата од контрола

Стоилковски: Зоран Заев се однесува како воен профитер затоа што е неспособен и му бега ситуацијата од контрола

Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ реагира на прес-конференција на Зоран Заев и прес конференцијата на Калеска. Вели дека вистината е следна: Зоран Заев се однесува како воен профитер затоа што е неспособен и ситуацијата му бега од контрола.

-Во овој период гледаме како секојдневно партијата на власт е посветена на една работа. Колку повеќе прават гол п-р толку повеќе во реалноста и бегаат работите од контрола и доведуваат под опасност човечки животи. Требаат да признаат- неспособни се.  Ако некој немал план тоа беше изгубениот Зоран Заев кој единствено го интересира неуставно враќање на парламентот за да го помине законот за опојни дроги и други закони коишто се од интерес на фамилијата на Заев. Значи и во вакви тешки моменти, Зоран Заев го гледа интересот на Вице Заев. Ние цела недела предлагаме сет на антикризни економски мерки, а денеска од владата видовме неспособна и навредлива понуда до стопанството. Заев денес осуди на банкрот илјадници компании и илјадници вработени кои ќе останат без работа, истакна тој.

Стоилковски потсети дека решението одложување на избори и предлог за состанок на експертите беше на предлог даден од кај нив.

-За жал денеска Заев создава дополнителна вознемиреност кај граѓаните со своите контрадикторни изјави. Имено тој еднаш вели еднаш дека буџетот е ликвиден и државата може да се справува со економската катастрофа во најава, а веќе во следната реченица говори за земање на кредити со цел стабилизација на буџетот. Ваквите изјави создаваат несигурност и кај народот и кај стопанствениците, што само може да ја влоши економската состојба. Дополнително бара стопанските субјекти уште од сега авансно да ги платат давачките кон државата, што е крајно неодговорно и економски неиздржано, бидејќи субјектите се соочуваат со економска катастрофа којашто е почната цел месец, а ќе трае најмалку уште толку. Во таква ситуација прашање е дали и колку овие субјекти ќе издржат, а не пак авансно да ги плаќаат давачки. Системот колабрира поради воениот профитер Заев и неспобноста на власта. Таквата непособност до пред некој ден државата ја чинеше криминал и сиромаштија, а од денеска тоа ја чини и здравјето на граѓаните. Наместо пресови и скапи п-р агенции коишто ги плаќаат нека засукаат ракавите и нека почнат со работа, рече тој.

Најнови вести