четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Стојан Андов: Прекршен e правниот аспект на процедурата во Собранието при носење на Законот за јазици

Андов проблемот го детектираше во непочитување на процедурите и прескокнување на амандманите и не дозволување на амандманска расправа во Собранието.  
Стојан Андов: Прекршен e правниот аспект на процедурата во Собранието при носење на Законот за јазици

Стојан Андов кој во два наврати беше претседател на Собранието на Република Македонија, го критикуваше носењето на Законот за јазиците и процедурата за негово носење во Собранието.

Тој со оглед на долгогодишната кариера како претседател на Собраието, потенцира дека треба да се расчисти прашањето со амандманите на Законот за јазиците. Тој објасни дека законот требало да биде донесен во законска процедура и дека сега е прекршен правниот аспект на процедурата во Собранието и дека е занемарена нејзината сила.

Како што вели Андов за Законот за јазиците, требало да има трпение и темелна процедура во Собранието, и самото донесувањето на закопнот би било  во неспорна процедура.

За настанатата состојбата, Андов вели дека  е резултат на невнимание и потценување на правниот аспект на процедурата и нејзината сила.

На прашањето кој во суштина го наруши принципот на протоколарност или на процедурата на одлучување на законот дали тоа е претседателот на државата или пак тоа е парламентот, Андов со краток одговор:

– Видете тоа е едно прашање кое што треба пошироко да се објаснува, ако не се расчисти прашањето со амандманите не можеме да знаеме дали претседателот на државата или премиерот ја прекршил процедурата, објасни Андов.

Андов проблемот го детектираше во непочитување на процедурите и прескокнување на амандманите и не дозволување на амандманска расправа во Собранието.

Најнови вести