Лидерот на Достоинство Стојанче Ангелов не верува дека ниту еден пратеник на ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа за уставните измени. Тој е убеден и дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе го промени ставот за ова прашање.
-Не верувам дека Христијан Мицкоски ќе го промени ставот. Ниту еден пратеник на ВМРО ДПМНЕ нема да го изигра и да гласа за. Во однос на предвремени парламентарни избори, премиерот Ковачевски беше јасен, ако не обезбеди двотретинско мнозинство за уставните измени, работата си тече понатаму. Не треба да има вонредните парламентарни избори бидејќи редовните ни чукаат на врата, а и нема потреба за негова оставка. Според моите информации нема да има предвремени парламентарни ниту ќе има двотретинско мнозинство, иако сме под силен притисок од Европската Унија, а според моја прогноза нареден период ќе се засили. Според мене, Уставот треба да биде променет по урнек на хрватскиот модел, Македонија на македонскиот народ и на останататите малцинства, рече Стојанче Ангелов во емисијата на Алфа „За или против“.