Во емисијата „Клик плус“ гостинки беа пратеничките Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ и Славјанка Петровска од СДСМ.
-Законот за служба во Армијата, меѓу сите останати доброволности за војниците во АРМ, која патем беше објавено дека од 139 светски армии е 133-та по квалитет. Армијата која нели тежнее, членка на НАТО станавме, ДА, гласав за тој закон заради поволностите кои ги добиле војниците во нашата армија. Меѓу другото, имало и промена на име, е тоа е тие ваши ниски удари заради кои што не го добивате нашето присуство кога немате кворум, рече Стојаноска.
Таа во емисијата донесе хартија од стенограми за гласањето за промена на Уставот заради промена на името, заврзани со црна панделка.
-Ова се стенограмите со кои што вашите колеги го погазија мнозинството во државата, гласаа за промена на името уставно и покрај неуспешниот референдум, знаете како тоа се случуваше. Ова се стенограмите со кои што го прелажавте целиот македонски народ, истакна Стојаноска.
Целото нејзино излагање на оваа тема, погледнете го во продолжение: