Колку од замениците и министрите доаѓаа на собраниските комисии. Видливо беше присуството само на Јетон Шаќири, но тоа не може да ја оправда неговата лага дека учениците ќе добијат учебници за оваа учебна година. Да го предупредам дека за 4 години ќе заврши оваа катастрофална учебна година, рече Дафина Стојаноска, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на денешната дебата за разрешување на замениците министри осврнувајќи се на работата на сите четворица и нивното присуство во Собранието.
„Да, имате едни од најкатастрофалните кадри за министри, а вие да ги менувате нивните заменици мислам дека е најголемата трагедија која ја живее еден премиер кој и навредува пратенички мислејќи дека ќе се покријат неговите пропусти и глупости“, рече Стојаноска.
Стојаноска се осврна и на претходните две гласања, она за разрешување на министри и именување на нови.
„Со чинот на гласање си ја потврдувате само својата мизерија затоа кажав дека овде се случува само криза на морал на оние од владејачкото мнозинство“, кажа Стојаноска.
Пратеничката Стојаноска ги праша пратениците од мнозинството која е цената на вашиот неморал.
„Што ќе им кажете утре на вашите внуци и партискиот подмладок, дека сте правеле се за ЕУ, е тоа нема никако да ве извади. Не ми е целта да ве навредувам целта ми е да ве разбудам, сонот можеби за вас е бајка, но народот живее кошмар. Престанете со лажна реконструкција од лажен премиер. Спасот се само избори. Најдобронамерно разбудете се“, заклучи Стојаноска.