петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Стојаноска: Ковачевски и Османи ја доведоа состојбата до свршен чин, за што ќе се консултираат кога од изјавата на Макрон гледаме дека кажале ќе прифатат?

Стојаноска: Ковачевски и Османи ја доведоа состојбата до свршен чин, за што ќе се консултираат кога од изјавата на Макрон гледаме дека кажале ќе прифатат?

Дојдени сме до тој свршен чин за кој ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше уште од 2017 година и не знам за какви консултации мислат, Османи и Димитар Ковачевски, со кого ќе се консултираат бидејќи досега за нив никој друг не постоеше, до ден денес се немаат консултирано. За што ќе побараат консултации кога конечниот одговор е даден дека ќе прифатат, изјави пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска во „Што не јасно“ на Алфа телевизија во врска со последниот предлог на францускиот претседател Емануел Макрон за спорот со Бугарија.

Стојаноска потсети дека ние бевме сведоци дека бугарскиот парламент деноноќно заседаваше изминатиов период, а нашиот парламент ја избегнуваше оваа тема.

-Што дека во јануари дојде Османи во комисија, кога одговорот му беше дојдете кај мене во кабинет да ги го раскажам предлогот 4+1. Ниту тој предлог го имаме видено, ниту што во Брисел било дадено. Сега е доцна за консултација. Сега гледаме дека Макрон вели дека ќе прифатат, рече Стојаноска.

Таа прашува на кој начин ова ќе го изведат тоа со консултации кога наместо со парламентот прво се консултираат со коалиционите партнери.

-Ковачевски заедно со Османи ја доведе состојбата до свршен чин. Но ВМРО-ДПМНЕ не потклекнува на вакви малверзации. Наше мислење за ова не е побарано, ние понудивме и експерти за надворешна политика, тие го одбија. Сега зборуваат за документ кој веќе го прифатиле, потенцираше Стојаноска.

Таа додаде дека денеска видовме дека првиот одговор на Ковачевски е дека му се заблагодари на Макрон.

-За што се заблагодари? Ковачевски треба да зборува со македонскиот народ. Тоа тогаш во Брисел кога рече дека одбива, беше само глума, затоа што тој рече ваква форма, што значи имало и друга форма која сега ја добивме, изјави Стојаноска.

Најнови вести