среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Стојаноска: Македонија е единствена земја во светот пример каде што во исто време се расправа за продолжување на три кризни состојби

Стојаноска: Македонија е единствена земја во светот пример каде што во исто време се расправа за продолжување на три кризни состојби

„Ние во вторникот имавме расправа на Комисијата одбрана и безбедност токму по тие три точки за кои што и денес ќе расправаме на Пленарната седница, а тоа се точките за продолжување на кризните состојби во однос на пандемијата, на мигрантската криза и сега најсвежо енергетската криза. Мислам дека сме единствена земја во светот пример каде што во исто време расправаме за продолжување на три кризни состојби каде што самото по себе како факт говори за тоа за каква власт станува збор. Ние во завршената амандманска расправа за Буџетот во комисијата за финансирање и буџет имавме пет амандмани што се однесуваат за подобрување или некаква изнаоѓање на помош за токму за енергетската криза, но за жал ниту еден не беше прифатен освен оној едниот каде што ние баравме сума од една милијарда денари за набавка на фотоволтаични панели како би можеле граѓаните да се снабдат со електрична енергија, но комисиски го изменија овој амандман и го одобрија наместо една милијарда денари само 30 милиони денари“, истакна Дафина Стојаноска, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ во вестите на Алфа телевизија.

Стојаноска додаде дека никаде не се гледа дека ќе има одговорност од АД ЕЛЕМ што во ваква ситуација се наоѓа државата.

„Власта е во еуфорија дека обезбедила некакво стабилно мнозинство, дури и денес можевме на Пленарната седница при усвојување на Дневниот ред да видиме како претседателот ги опоменува со чукање на картичката во микрофон, присутното нели стабилно мнозинство да се сконцентрираат и да гласаат за да можат да пребројат 61 пратеник како би им поминала точката на Дневниот ред. Така да јас да сум на нивно место би била загрижена со она со што се фалат. Бидејќи ја доведоа државата во тешка кризна состојба и сега се нафаќаат нели да продолжат со менаџирање со состојба со која што тие направија кризна состојба и тешко дека тие би биле решение на оваа криза. Решението наше ние го кажавме, а тоа се само исклучиво брзи предвремени избори“, нагласи Стојаноска.

Најнови вести