петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Стојаноска: Никогаш нема да стигнеме до рамноправна членка во ЕУ, секое отворање на поглавје ќе биде условувано од Бугарија

Стојаноска: Никогаш нема да стигнеме до рамноправна членка во ЕУ, секое отворање на поглавје ќе биде условувано од Бугарија

Власта викаше дека идентитетот е бетон, дека и јазикот е заштитен. Во договорот со Бугарија не стои јазикот на Република Македонија, стои јазикот според Уставот. Ако прејдат на отворање на Устав, многу прашања ќе се отворат и искомплицираат, изјави пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска за „Што не е јасно“ на Алфа телевизија, додавајќи дека Бугарија ќе не блокира на секое поглавје, на секој чекор и дека на ваков начин никогаш нема да станеме членка на ЕУ.

Стојаноска потенцираше дека оваа власт е таа која ги симна позициите на Македонија како држава на преговарачката маса.

– Оваа гарнитура е таа која не доведе во позиција да коленичиме, да бидеме условувани, да бидеме уценувани. Прво почна Грција, а кога виде Бугарија дека со оваа власт се е можно, тогаш почна и таа. Нашите преговарачи имаат сериозна обврска земено на себе и како ќе се носат кога сменија една цела држава комплетно, целосно е изменет статусот на државата. Која држава, народ утре ќе влезат во ЕУ. Тотално обезличени дали вреди за нешто да се преговара, кога тие се продадоа и ги спуштија позициите, рече Стојаноска.

Таа истакна дека никогаш нема да стигнеме до рамноправна членка во ЕУ, затоа што секој нареден чекор, секое отворање на поглавје ќе биде условувано.

– Дали за образование, култура, историја, или промена на споменици. Велат тоа се шпекулации, па ако се, тогаш зошто не покажаа зошто преговараа? Ковачевски од момент во момент ги менува изјавите, тоа е така затоа што тој бил свесен на што се нафатил, тој гледаше кога Заев лажеше и сега ќе ја продолжи таа игра која Заев ја започна, нагласи Стојаноска.

Стојаноска посочи дека токму поради тоа е загриженоста на ВМРО-ДПМНЕ што власта договорила, затоа што ВМРО-ДПМНЕ е единствената партија која ги штити интересите на македонскиот народ таа партија која се бори за македонски националните интереси.

Таа посочи дека дојдени сме до тој свршен чин за кој ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше уште од 2017 година и не знам за какви консултации мислат, Османи и Димитар Ковачевски, со кого ќе се консултираат бидејќи досега за нив никој друг не постоеше, до ден денес се немаат консултирано. За што ќе побараат консултации кога конечниот одговор е даден дека ќе прифатат.

Стојаноска потсети дека ние бевме сведоци дека бугарскиот парламент деноноќно заседаваше изминатиов период, а нашиот парламент ја избегнуваше оваа тема.

– Што дека во јануари дојде Османи во комисија, кога одговорот му беше дојдете кај мене во кабинет да ги го раскажам предлогот 4+1. Ниту тој предлог го имаме видено, ниту што во Брисел било дадено. Сега е доцна за консултација. Сега гледаме дека Макрон вели дека ќе прифатат, рече Стојаноска.

Во врска со законот за судии и јавни обвинители во Собрание, Стојаноска истакна дека власта имаше цел да се обезбеди да не одговараат во иднина за тоа што досега го направија.

– Морам да ја споменам онаа анкета која и американската амбасадорка ја обелодени дека довербата во судството е само 8% и неизбежно е да се спомене што им беше фокус оваа недела во парламентот, односно како законот за судии и јавни обвинители да го прошверцуваат преку закон за работни односи, комисија за европски прашања, законодавно правна комисија и до пленарна седница која ја свикаа по пратенички прашања што никогаш досега се нема случено, изјави Стојаноска.

Стојаноска нагласи дека има многу седници со по 30 пријавени кои чекаат на ред, но нив им беше поважно да помине овој закон и тоа се нивните намери.

– Целта им е да се обезбедат за наредни години преку судии и јавни обвинители кои ќе судат според нивните насоки за да не одговараат за тоа што досега го направија. Но не успеаја. Тука се докажа цврстата желба на ВМРО-ДПМНЕ, дека вакви криминални закони со затскриени намери не смее да поминат. Тоа што ВМРО-ДПМНЕ успеа да ги спречи, покажува дека се залагаме за утре институциите да работат строго според закони, изјави Стојаноска.

Најнови вести