За разлика од претходните пописи во независна Македонија кога имаше бојкотиран попис, па повторен попис во 1994-та година, па имавме оспоруван попис во 2002, па во 2011 прекинат односно неуспешен, за да овој попис би го квалификувала дека е единствен каде што не се задоволни од резултатите бидејќи се нереални. Освен ДУИ и СДСМ, и Македонци, и Албанци, и Турци, и Роми, и Власи, турско министерство за надворешни работи имаше реакција, МПЦ имаше реакција. Значи овој попис има нереални податоци, истакна Дафина Стојаноска, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ при гостување во емисијата на 24 телевизија.
Стојаноска додаде дека не знае какви проекции ќе излезат од ваков нереален попис.
„Имаме непопишани граѓани, едноставно ова е попис кој што е нарачан од страна на ДУИ, а е извршенод страна на Апостол Симовски и на СДСМ“, нагласи Стојаноска.
Стојаноска посочи дека овој попис е уште еден потег со кој што власта ќе се фали дека била храбра и го реализирала, нешто слично како со промена на Уставот, со потпишаните договори, меѓутоа послеиците се далекусежни, долгорочни и се по сите граѓани на Република Македонија.