петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Стојаноска: Премиерот да дојде во Собранието и да каже што се преговара со Бугарија, јавноста има право да знае

Стојаноска: Премиерот да дојде во Собранието и да каже што се преговара со Бугарија, јавноста има право да знае

е може да се квалификува како памфлет барање на пратеници во Собранието за да се дознае за што преговара министерот за надворешни работи. Бидејќи знаеме како завршуваат секогаш таквите преговори. Ние пред два ипол месеци чинам беше кога го повикавме министерот за надворешнир работи Бујар Османи да дојде за оној документ 5+1 кој што стана 4+1 за што ние дознавме преку медиумите дека нешто такво постои. И сметам дека е ова најбитната тема во моментов на која штотреба да се разговара,а за која што власта сака да направи дефокус да се рзговара за сосема други теми. И не би рекла дека е ова обид за кочење, ова е обид за работа за во Собранието, за свикување на една седница на која што јавно го покануваме и премиерот како најдоговорен да дојде и заедно со негода се разговара на оваа тема, истакна Дафина Стојаноска, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ при гостување во емисијата на 24 телевизија.

Стојаноска додаде дека имало таков случај во 2017-та година кога на затворена седница се разговарало со тогашниот премиер, а зошто да не и сега Ковачевски ја прифати поканата па заедно со сите пратеници се разговара и да се види за што се преговара со Бугарија.

„Се работи за битно прашање и не може министер за надворешни работи да кажува дека кога ќе се дојде до некојтип на решение кое сметаме дека е добро, тогаш ќе ја информираме јавноста. Апсолутно не се согласувам, јавноста треба да знае за секој поединечен чекор на кој што се подготвени да го направат во овие преговори“, рече Стојаноска.
Стојаноска посочи дека ова со државни службеници дека работеле против преговорите на Македонија со Бугарија е можеби еден вид на дефокус или би се квалификувало како непрофесионализам.

„Ако такво нешто воопшто се случува тогаш тој треба да е првиот што ја има информацијата, мислам дегунтантно е да се дискутира за оваа тема, а да не се разговара за тоа еве да разгледуваме дали е можно раздвојување на Албанија од Македонија, затоа да се побара одговорност и впрочем да се побара одговорност од сите овие Влади изминативе пет години“, нагласи Стојаноска.

Најнови вести