Вие се борите и правите коалиција за гола власт, за да покажувате моќ во оваа држава, сила и за вас ништо не важи. Пет години се повикувате на реформи, пет години викате дека сега е историскиот момент за државата, а пет години историски момент не видовме и сега Заев што вели, оставете ме да ги довршам реформите. Па кои црни реформи, праша Дафина Стојаноска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата 24 Анализа, на Телевизија 24.
Стојаноска ја искоментира и изјавата на министерот Бектеши кој вели дека доколку се случи ценовен шок тогаш ќе се замрзнат цените на производите, порачувајќи му дека тој треба да превенира да не дојде до тоа.
Државата ние пред банкрот, ни следи енергетска криза, а министерот Крешник Бектеши вели ако се случи ценовен шок тогаш ќе реагираме. Но, не може така министре, вие треба да превенирате да не случи економски шок, рече таа.
Стојаноска е децидна и смета дека европски вредности не може да бидат тоа што државата е најкорумпирана и најсиромашна, порачувајќи дека СДСМ нема 61 пратеник како што тврди, односно како што рече таа може да обезбедат и повеќе пратеници само доколку ги киднапираат пратениците.
Ако ова се ЕУ вредности тогаш нас Европа треба да не избрише и ние географски да не постоиме. ЕУ вредност каде државата е најнесреќна, најсиромашна, најкорумпирана, па ние за што зборуваме, праша Стојаноска и додаде:
За што зборуваме, за која коалиција, за кои 61 пратеник. Вие мнозинство може да формирате само ако киднапирате уште еден пратеник колега Митревски и ништо повеќе. И немојте да тврдите дека имате 61 пратеник или повеќе зошто немате, а ќе ги добиете само ако се осмелите да киднапирате уште некого, порача Стојаноска.