вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Стојаноска: Состојбата во ВМРО-ДПМНЕ е уште постабилна, вакви провокации уште повеќе не мотивираат да издржиме и да не потклекнеме на ниту еден удар

Стојаноска: Состојбата во ВМРО-ДПМНЕ е уште постабилна, вакви провокации уште повеќе не мотивираат да издржиме и да не потклекнеме на ниту еден удар

Во вечерашното гостување во емисијата „24 Анализа“ на Телевизија 24 гостуваше пратеничката и членка на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска. Таа истакна дека провокациите за разединување на ВМРО-ДПМНЕ уште повеќе ги мотивираат да издржат и да не потклекнат на ниту еден удар.

„Воопшто не се сомневам дека Христијан Мицкоски би имал некој проблем со членовите на Централниот Комитет кои дел по функција дел доаѓаат сите од различни краишта на Република Македонија и различни општински комитети. Состојбата во ВМРО-ДПМНЕ е многу јасна и уште постабилна испровоцирани од актуелниве настани и нема зима за ВМРО-ДПМНЕ. Вакви провокации нас уште повеќе не мотивираат да издржиме и да не потклекнеме на ниту еден удар, внатрешен или надворешен без разлика“, рече Стојаноска.

Таа додаде дека лидерот на партија постои заради членството а не обратно, партија е здружение на граѓани кои се со иста политичка идеја и идеали.

„Во моментов целта ако им е да ја разнишаат пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата тогаш многу се лажат“, заклучи Стојаноска.

Најнови вести