четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Стојаноска: Владата потпиша договор со кој ние сме новоформирана држава без историја

Стојаноска: Владата потпиша договор со кој ние сме новоформирана држава без историја

Според договорот граѓаните на Република Северна Македонија кога ќе го употребуваат терминот Македонија, а согласно овој договор немаат да имаат никаква дозвола за тоа на ниту едно место, во нитуедна прилика освен да шепотат по дома, истакна денес во Собранието на Република Македонија, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска.

-Оваа Влада потпиша и се согласи ние да станеме новоформиран и новоформулиран народ без историја. Ова е она што се крие зад промените на Уставот и зад овој срамен договор. Едноставно се што е побарано од јужниот сосед е прифатено од оваа Влада. Ова е катастрофа за македонската диполматија. Оовј договор е триумфален и победнички за Грција, но е капитулантски и погубен за Македонија, истакна пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ.

Таа додаде дека проблемите нема да се решат и да завршат со овој договор, туку напротив ќе се отворат нови.

-Како ќе гласи химната на Македонија, дали денес над Македонија се раѓа ново сонце или ќе завладее мрак на истата. Колеги од владеачката коалиција вразумете се додека сеуште има време за тоа, вразумете се и добро размислете што правите, не е ова за иднианта на Македонија, со вас Македонија веќе нема иднина, потенцираше таа.

На крајот Стојаноска истка дека оваа Влада започнува иднина на една нова земја, а не на Македонија.

Најнови вести