вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Стојаноска: Власта ја исклучува опозицијата од работата на Собранието, ама пратениците од ВМРО-ДПМНЕ прават се за добро на народот

Стојаноска: Власта ја исклучува опозицијата од работата на Собранието, ама пратениците од ВМРО-ДПМНЕ прават се за добро на народот

Не само Извештајот на Европската комисија од годинава, туку и претхдоните не опоменуваа за начинот на работа на Собранието, забелешката е невклученост на опозицијата. Ние бевме исклучени од низа процеси затоа во мај прејдовме на активна блокада. Активната блокада вроди со плод, да не беше таа активна блокада на 14 септември Љубомир Јовески ќе беше избран за уставен судија и да не беше шлаканицата од САД. По таа шлаканица сите од власта се испотепаа да кажат дека не бил добар јавен обвинител и не бил за уставен судија, а тој не беше избран поради нашата блокада. Во Собранието продолжува самоволието на првиот меѓу еднаквите, но не е еднаков, рече Дафина Стојаноска, пратеник и член на Извршниот комитет од ВМРО-ДПМНЕ на вечерашното гостување на телевизија 24.

Стојаноска во делот на нефункционалноста на Собранието го спомена и неуставно одложување на свиканата Комисија за правата на граѓаните каде требаше да се дебатира за случајот Беса транс и пожарот во модуларната болница во Тетово.

„Имавме неодржување на пратенички прашања умаше прекин од 30 јули минатата година до 28 април годинава, беше одбиено барањето за референдум за францускиот предлог. Има многу актуелни теми, а деновиве се наврши и година од оставката на Зоран Заев кој велеше дека судството ќе го отвори како пупка, но судството му е прецветана ружа“, рече Стојаноска.

Стојаноска посочи дека за разлика од централната власт во чии институции, според резултатите од истражувањата на јавното мислење, граѓаните се помалку веруваат, во локалната е поинаку. Таа укажа дека локалната власт има реализирано проекти во висина од 120 милиони евра.

Говорејќи за уставните измени Стојаноска децидно посочи: „Ние како ВМРО-ДПМНЕ сме многу јасни, ние не прифаќаме никакви уцени“.

„Жалам што не ја научивте пораката од граѓаните, вие ги иселувате граѓаните. Заборавете ги нереализираните понуди од претходните избори. Ставете две понуди во програмата, прво дали народот ќе ви дозволи да го смените Уставот под бугарски диктат и дали ќе продолжите со пљачки“, пораша Стојаноска.

Најнови вести