Моја констатација во поглед на собраниската работа би рекла да го анализираме периодот после локалните избори 2021 година не дека е блокирано, туку е нефункционално. Неговата работа не може да се одвива по оној ред и редослед, а нефункционалноста најмногу произлегува бидејќи не случајно ги споменав локалните избори бидејќи нивниот исход имаме еден добар дел од власта и опозицијата кој што беа пратеници а веќе не се. Истите тие беа или членови или заменици на поединечни работни тела на собранието или биле нивни претседатели и со самото тоа неопходно е свикување на собраниската комисија за прашања на изборите и именување на која што би се нашло како точка на дневен ред прашањето да се пополнат овие испразнети места, но случајот е тоа што оваа комисија е веќе без претседател после локалните избори, вели пратеничката и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска во вечерашното гостување во Топ тема на ваша страна на ТВ Телма.
Стојаноска потенцираше дека власта се повикува на собраниска пракса само кога тоа им одговара, потенцирајќи ја изјавата на Џафери со комисијата за труд и социјална политика кога во гостување истакнал дека седница не може да свика претседател или член на истата доколку е од парламентарното мнозинство, за утре дента истиот тој кој што сега е дел од владејачкото мнозинство да ја свика истата, додвајаќи дека разрешувањето на Зендели од член на комисијата за прашања за избор и именување е всушност само поради тоа што власта сака да го партизира и Уставниот суд со несоодветни и неквалитетни кадри.
Проблемот на оваа комисија не е тоа што нема претседател, туку проблемот е тоа што еден член на комисијата во случајот Фадил Зендели кој што од 13 декември официјално е пратеник на опозицијата како пратеник од БЕСА, и собраниска пракса оваа комисија била да има мнозинството на пратеници од власта, но во случајот главната болка е токму Уставниот суд бидејќи на оваа комисија треба да решава за испразнетите места со пет позиции, така да тука е проблемот, бидејќи очигледно е дека власта нема намера да даде некој соодветни и квалитетни предлози кои што не би имале ние, туку очигледна е намерата за партизација и на оваа институција и токму затоа колегата Фадил Зендели им пречи, нагласи таа.
Се повикуваме на собраниска пракса само кога тоа им одговара, кога не им одговара не се повикуваат, пример случајот за свикување на комисијата за труд и социјална комисија на 16 февруари, Џафери гостуваше во една емисија каде што кажа дека случај каде што има пратеници од опозиција кои што сега се власт, а држат одредена позиција во одредена комисија не може да ја свика, за утредента ние да имаме комисија за труд и социјална политика свикана од страна на претседател кој што по собраниска пракса треба да биде од опозиција, но пратеникот е од Алтернатива која што сега е власт. Значи двојни аршини зависи од потребите и намерите, вели Стојаноска.