Јас не знам дали некој друг освен власта верува во институциите. Власта манипулира со судбините да не речам на овие што изгореа и погинаа, за кои што семејствата немаат одговор. Не може да нема лична одговорност за вакви трагедии, истакна Дафина Стојаноска, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ при гостување во емисијата на 24 телевизија.
Стојаноска додаде дека е срамота да се нема список на жртвите кои погинаа трагично.
„Не добивме ние список на жртви и сега се прави дефокус, па наоѓа Талат Џафери некое оправдување и првпат преседан е ова тој со решение да го поништи решението на колегата Халил Снопче за свикување на оваа седница. Пазете Комисија за заштита на слободите, правата на граѓаните“, рече Стојаноска.
Стојаноска посочи дека ова е класичен обид за цензура.
„Јавноста треба да слушне, да види дека некој има интерес за тоа. Како? Никој ништо да не знае? Молк имаме на институции. Ниту судство, ниту обвинителство, ниту МВР не одговорија“, нагласи Стојаноска.
Стојаноска укажа дека власта сака да има молк и меѓу пратеници. Вакви трагедии не смее под тепих да се ставаат.
„И со Филипче што ни се случи? Какви трагедии, неуспеси нанижа тој министер. И сега тој замина, и сега ние да му простиме за се што направи во здравството. Преку 9.000 починати. Ако ги споредиме со оваа бројка што ја добивме од пописот па ние сме лидери по смртност и тоа не само во Европа, тукуи во светот“, рече Стојаноска.