недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Стојаноска: Власта залудно троши време и ресурси за уставните измени, уште кога го прифатија францускиот предлог кажавме дека овој парламентарен состав нема мандат за такво нешто и тој став е непроменет

Стојаноска: Власта залудно троши време и ресурси за уставните измени, уште кога го прифатија францускиот предлог кажавме дека овој парламентарен состав нема мандат за такво нешто и тој став е непроменет

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска во гостување во програмата на Македонско радио, зборувајќи за уставните измени истакна дека власта залудно троши време на оваа тема бидејќи македонскиот народ е против тоа, а од ВМРО-ДПМНЕ уште од лани им беше јасно кажано дека овој парламентарен состав нема мандат за такво нешто и тој став останува непроменет.

„Неколкупати сум имала можност тоа да го коментирам тоа дека залудно се троши ова време. Очигледно во недостиг на друго поквалитетно решение, било да е закон, било да е одлука или договор некој што ќе донесе добробит за македонскиот народ, во недостиг на таков квалитет од страна на власта тие ќе го замајуваат народот не знам уште колку време со уставни измени. Кажано им е уште лани кога во јули месец се усвои тој француски предлог прекршувајќи ги сите можни досегашни процедури и на Европската унија, бидејќи билатерален договор се стави во преговарачка рамка за влез во ЕУ. Уште тогаш им е ставено јасно до знаење и до ден денес нашиот став не е променет, а тоа е дека нема човек во пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“ кој би поддржал такво нешто“, истакна Стојаноска.

Таа исто така додаде дека наместо да се троши залудно време, најбргу што може треба да се свика седница и на дневен ред да се стави точката за уставни измени, но очигледно власта повторно ветила нешто против волјата на народот и сега глумат дека се трудат да ја разубедат опозицијата.

“Залудно е трошењето на време, трошењето на ресурси, а најмногу пласирањето во јавноста на некои, би рекла дилеми, стравови, апатичност, дали повторно некој ќе не предаде или слично. Ние неколкупати досега им велиме, уште вечерва или еве утре нека ја свикаат таа фамозна седница, нека ја стават точката за уставни измени на дневен ред, мислам дека оваа процедура се отвора прво со предлог за отворање на Уставот, уште тука ќе наидат на пречка. Очигледно повторно имаат ветено нешто против волјата на народот. Како што кажавте преку 80 проценти од Mакедонците се противат на ова, но имаат ветено без да се консултираат, еве не мора со ВМРО-ДПМНЕ како најголема опозициска партија, но да го послушаа македонскиот народ. Тие ветиле и сега глумат дека нешто работат, дека се трудат да не разубедат, потенцираше Стојаноска и додаде:

„Залудно е и трошење на време и на ресурси и на било што и мислам дека и времето што им преостанува ако го истрошат целиот мандат нема ништо корисно да направат за државата туку со секој изминат ден мислам дека поголема штета прават, така да нашиот апел е веднаш да ја завршиме оваа тема“.

Најнови вести