На сите ни е јасно дека мнозинството на Заев функционира како што самиот Заев функционира, сите го научија дека со уцена и „на ти – дај ми“ политики се може да се договори, вели пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМЕН во денешното гостување во Студио 10 на ТВ 24.
Стојаноска рече дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ е јасен по однос на предлог законот за државјанство, посочувајќи дека нема да прифатат предлог закон каде што државјанство ќе се стекнува по пат на сведоштво, односно како што рече тоа го нема никаде во светот, и дека доколку се седне да се изготви добар предлог закон за државјанство согласно европските регулативи во кои ќе бидат вклучени сите политички партии, тогаш ВМРО-ДПМНЕ ќе ги повлече сите амандмани.
Што се однесува на законот за државјанство, како што слушнавме тој бил тема на разговор на лидерската средба помеѓу претседателот Мицкоски и Заев. Нашиот став и во парламентот се кажа, и е кажан дека ова е закон кој што е против сите европски регулативи, нема земја во светот каде државјанство се стекнува по пат на сведоштво. Но, оставена е отворена врата, доколку се седне да се разговара и да се најде еден заеднички предлог на закон со консензус и учество на сите политички партии во тој случај и ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка партија во парламентот, би седнала да разговара, би ги повлекле поднесените амандмани. Но, само во случај доколку се работи за поднесување на предлог закон кој што ќе биде согласно европската регулатива и никако поинаку, вели Стојаноска.
На прашањето ако треба да се впери прстот кон некого кој е виновен за целата ситуација и зошто не се закажува седница, бидејќи законите веќе се прекршени, бидејќи денеска де факто и де јуре има попис , а се чека собрание за да се одложи пописот, бидејќи така се договорија сите, Стојаноска истакна дека виновен е Зоран Заев.
Виновен според мене е Зоран Заев, за се што се случува во оваа држава па и за законот за попис. Само Зоран Заев, виновен е тој. Неговото несериозно однесување, пазарџиско однесување заради што сме доведени до ваква состојба, вели пратеничката Стојаноска.
Како што посочи Стојаноска, се до почетокот на емисијата нема закажано координативна седница за закажување на седница на собранието за измени во Законот за попис.