Бараме под итно одржување на седница на која што ќе се разгледува Предлог законот за енергетика кој што вчера по итна постапка го поднесовме до Собранието. Како што напоменавме и вчера мерките на Владата за сметаме дека е во ред образовните и здравствените установи да добиваат поевтина електрична енергија но намерното изоставување на водоводните и комуналните претпријатија од стана на Владата во нивните предлог мерки е крајно некоректно и недозволиво, изјави денеска за медиумите пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски.
Тој посочи дека владата со ова покажува дека не ги третира сите граѓани подеднакво но исто така остава простор водоводните и комунални претпријатија во наредниот период да ги зглолеми цените на своите услуги кои што дополнително ќе го влошат животниот стандард.
– Предлог законот за енергетика кои што ги поднесовме по итна постапка освен образовните и здравствени установи ги опфаќа и водоводните и комунални претпијатија и сметаме дека ова решение е правично и неселективно. Апелираме до пратениците на парламентарното мнозинство да го прифатат нашиот предлог закон бидејќи ги опфаќаме сите категории на граѓани, установи и стопански собјекти на кои ом е потребна поевтина електрична енегрија. Доколку колегите од парламентарното мнозинство се издигнат над ситуацијата ќе покажат дека навистина се грижат за граѓаните кои што ги претставуваат во законодавниот дом и ќе покажат дека интересите на граѓаните им се над партиските наредби. Сега е време да им се помогне на граѓаните за полесно даја пребродат тешката зима која е пред нас, појасни Стојаноски.
Пратеникот повика заедно да го изгласаме овој предлог закон за потоа да можеме да се насочиме кон следните предизвици кои ни ги носи оваа енергетска криза.