четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Стојаноски и Мицески поднесоа закон за намалување на акцизата на горивата

Стојаноски и Мицески поднесоа закон за намалување на акцизата на горивата

Заедно со координаторот на пратеничката група Никола Мицевски во име на пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата денеска по трет пат го поднесовме законот за намалувањето на акцизите, но овој пат во ИТНА ПОСТАПКА, напиша на Фејсбук, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски.

Цените на горивата секојдневно растат, а владата не превзема ништо по однос на тоа.
Со овој наш предлог олеснувањето во цената би било следното:
➡️ литар дизел гориво веднаш ќе се намали за 9 денари.
➡️литар бензин веднаш ќе се намали за 12 денари.
➡️ метанот и плинот веднаш ќе поефтинат за 5,5 денари, истакна Стојаноски.

Ги повикуваме да покажат свест и до 10-ти мај да закажат седница на која ќе го изгласале ова законско решение со цел да им помогнеме на граѓаните и стопанството, додаде тој.

Најнови вести