вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Стојаноски: Како собраниска Комисија за финансирање и буџет остваривме средба со претставници на МФ на САД

Стојаноски: Како собраниска Комисија за финансирање и буџет остваривме средба со претставници на МФ на САД
Денеска како собраниска Комисија за финансирање и буџет остваривме средба со претставници на Министерството за финансии на САД, информираше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски.
-Со претставниците Шила Бекет и Сета Вандергрифт разговаравме за управувањето со јавните финансии, буџетскиот процес и надзорот над трошењето на народните пари. Укажавме дека неопходни се посуштински промени со цел Собранието, а особено Комисијата за финансирање и буџет да добие поголема можност да врши надзор за тоа каде се трошат народните пари, пишува Стојаноскина Фејсбук.

Најнови вести