вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Стојаноски: Предлог законите на власта за гласање по брза постапка се на директна штета на државата, граѓаните и на културното наследство, поради тоа ВМРО-ДПМНЕ ја напушти седницата во Собранието

Стојаноски: Предлог законите на власта за гласање по брза постапка се на директна штета на државата, граѓаните и на културното наследство, поради тоа ВМРО-ДПМНЕ ја напушти седницата во Собранието

Одговор на прашање во врска со законите поврзани со „Бехтел и Енка“ на пратеникот Бојан Стојаноски.

„Предлог законите кои ги достави владејачкото мнозинство за гласање по брза постапка на 9 закони ние лично сметаме дека се на директна штета на државата, граѓаните и на културното наследство на државата, и токму поради тоа денешната седница беше напуштена од страна на ВМРО-ДПМНЕ и на коалицијата за обнова на Македонија. Со овие измени СДС и ДУИ овозможуваат изведувачот да може спротивно на закон да пренамени земјоделско земјиште дури и од прва категорија, во градежно земјиште без да се запазат процедурите согласно постоечкиот закон. Истото важи и за шуми и шумско земјиште, без постапка и почитување на постечките закони. Ваквиот начин е во спротивност и со европската пракса и со најголемиот број на закони во светот. Дополнително вреди да се укаже дека власта го загрозува културното наследство во Македонија. Произволно носејќи закони, давајќи можност на надзорот, кои е спорен во овој случај, да одлучува кое културно наследство вреди а кое не, а со тоа и да уништи цели локалитети од историско и културно значење за државата сметаме дека е надвор од разумот. Еднаш веќе Уставниот суд се изјасни за правата на работниците, т.е. за користење на денови за одмор, како и за прекувремените часови на работа. Според Устав и законите, во Македонија, но и секаде во светот, полно работно време за една недела на работни часови изнесува 40 часа. Со овие измени повторно власта прави експлоатација на работниците, враќајќи услови за работа кои што се искоренети уште пред 100 години. Дополнително СДС и ДУИ удираат по државниот буџет ослободувајќи го изведувачот од плаќање на даноци, акцизи и царина. И покрај овие ослободувања на компаниите, државата ќе му дозволи на изведувачот, во рок на градба, како и 6 месеци после завршување на градба целосно користење, ископ и трговија со минерални суровини од целата територија на државата без надомест и постапка“, истакна Стојаноски.

Најнови вести