четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Стојаноски: Сетете се барем на една добра работа од Бучковски, зошто сега би било поинаку?

Стојаноски: Сетете се барем на една добра работа од Бучковски, зошто сега би било поинаку?

На крајот од денот го гледам Владо Бучковски кој вели дека нивните позиции се кристално јасни, нешто што се слушнало деновиве и од Заев и Димитров, посочува пратеникот Бојан Стојаноски.

Во продолжение следува неговиот Фејсбук статус:

Од кои Заев и Димитров, од тие што се колнеа во најсветото дека нема да се промени името и што ги бранеа позициите на Македонија пред меѓународните трибунали, за сега да застапуваат дијаметрално спротивни позиции ?

И дали не ви е незгодно да употребувате израз “лажни вести” кога владата, СДСМ и самиот Заев е епицентарот на лагите во Република Македонија ?

Ете го повикувам целиот народ на Република Македонија да се сети на една добра работа која за оваа држава ја направил Владо Бучковски и една работа која завршила добро, а во која бил вмешан самиот Бучковски ?

И зошто сега би завршило поинаку ?

Ние имаме едно, единствено барање, Нацрт документот по кој што двоецот Заев – Бучковски преговара со официјалната Софија биде објавен јавно.

Иформациите кои што стигнуваат се навистина алармантни за македонскиот народ, македонската нација.

Овој момент е исклучително значаен за иднината на Македонија и македонскиот народ.

Предупредувачките протести ќе продолжат и утре, нема да биде само еден.

Продолжуваме и утре во исто време, на исто место, помеѓу 15 и 17 часот.

За Република Македонија.

Најнови вести