сабота, 9. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Стојаноски: Срамота, единствен премиер во регионот е Заев кој што зазема улога да биде обвинител или судија за да одредува дали на некој ќе му се намали казната

Стојаноски: Срамота, единствен премиер во регионот е Заев кој што зазема улога да биде обвинител или судија за да одредува дали на некој ќе му се намали казната

„Јас не би сакал да прејудицирам нешто што не е во надлежност на институцијата во која што јас припаѓам. Би оставил на судските органи во текот на денот да слушнеме каква ќе биде таа пресуда. Не би сакал да се вмешам во нешто кое како што кажав не е моја надлежност или да прејудицирам, како тоа што го направи пред неколку дена премиерот, каде што направи брутално мешање на извршната во судската власт“, рече Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ за „Утрински Брифинг“.

Стојаноски додаде дека Заев зазема улога да биде обвинител, претседател на суд, судија за да одредува дали на некој ќе му се намали казната ако се врати во државата, дали ќе му се одземе или ќе му се конфискува имотот.

„Така да еве јас би оставил во текот на денот да видиме каква ќе биде таа пресуда, дали Зоран Заев неговото влијание или оние преговори на акција со кои што тој координирал имаат некаков резултат. Па, би оставил по пресудата да коментираме“, истакна Стојаноски.

Најнови вести